Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Јас ги слушам и прифаќам критиките од граѓаните, и кога со нив разговарам на улица, и кога одам на пазар – со право критикуваат
Македонија

Ковачевски: Јас ги слушам и прифаќам критиките од граѓаните, и кога со нив разговарам на улица, и кога одам на пазар – со право критикуваат

01/05/2024

AA

„Овие парламентарни избори се поразлични од сите досега. Затоа, почитувани граѓани, добро размислете кој заслужува да ја води државата. Кој има јасен план и визија за подобра европска иднина за вашите деца и внуци. Јас знам дека најлесно е да се гласа ПРОТИВ. Но, само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат“, им порача на присутните граѓани претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски.

Тој додава дека „казната“ и гласањето ПРОТИВ се краткорочна активност која ќе има долгорочни последици.

„СДСМ е силна партија! И во победи и во порази и во тешки и во лесни и во добри и во кризни времиња. Затоа и сега, јасно и гласно им порачувам на нашите политички противници, ниту на сон да не помислат дека ќе се откажеме. Да, резултатите од првиот круг на претседателските избори се казна и порака дека граѓаните не се задоволни од дел од нашите политики, одлуки, решенија во изминатите седум години. Јас ги слушам и прифаќам критиките од граѓаните. И кога со нив разговарам на улица, и кога одам на пазар и од она што го читам на социјалните медиуми. Тие со право критикуваат“, вели Ковачевски и додава дека никогаш нема да ги прифати критиките кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и ученикот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски.

„Никогаш нема да ги прифатам критиките од Белата палата, која е симбол на безмилосниот грабеж и злоупотреби што ги направија додека 11 години владееја насилно и автократски. Никогаш нема да ги прифатам критиките кои доаѓаат од политичари кои отворено заговараат загрозување на европската иднина на Македонија“, посочува Ковачевски.

Тој во обраќањето вели и дека СДСМ е обединета и силна партија, партија која секогаш останала на браникот на татковината и е партија која е подготвена да се бори за државата и подобра иднина за граѓаните.
„Тоа го докажавме и во изминатите неколку години, кога за време на тешката енергетска и економска криза не ги оставивме граѓаните сами во ниту еден момент. Ги зголемивме платите и пензиите, ги заштитивме работните места со поддршка на домашните бизниси и обезбедивме 2,6 милијарди евра за антикризни мерки“, порача Ковачевски на вечерашниот митинг во Драчево, општина Кисела Вода.

Ковачевски вели дека не се откажале ниту кога се носеле тешки, но исправни одлуки, наведувајќи го како такви зачленувањето во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија, додавајќи дека нема да се откажат од нивната визија за европска Македонија, со европски животен стандард и европски вредности.

„Од другата страна, имаме луѓе кои се откажуваат при првиот предизвик. Најдобар доказ за тоа е нашето Скопје. Мицкоски гордо парадираше со градоначалничката која тие ја поддржаа. Заедно со неа најавуваше и паркови, и почист воздух, и еко-автобуси и урбанистички ред“, вели Ковачевски, додавајќи дека не само што ВМРО-ДПМНЕ не сработиле ништо од тоа, туку и дека секојдневно за истото се изземаат од било каква одговорност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОВА Е ФАРСА, КОСКИТЕ НА САМУИЛ СЕ ОДНЕСЕНИ ВО СОФИЈА

04/10/2026
Македонија

НА ПОВИДОК ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЗА ТРАМПАТА ЗА КОСКИТЕ НА ЦАР

04/10/2026
Македонија

ЈОТОВА НЕ ОДГОВОРИ ДИРЕКТНО ДАЛИ ЌЕ ИМА СРЕДБА МУЦУНСКИ-ПЕТРОВА Бугарија

04/10/2026
Македонија

НЕ КУПУВАЈТЕ ОГРЕВНИ ДРВА ОД ДРВОКРАДЦИ! Така го поттикнувате пустошењето

04/10/2026
Македонија

ЗНАМ ГИ ПОДДРЖУВА РАЗГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Димитриевски вели дека притоа

04/10/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ПРЕИСПИТУВА СКРИНИНГ- ПРОГРАМАТА ЗА РАК НА ДОЈКА Клековски

04/10/2026
Македонија

ИСПИЈАНИЛЕ ДЕТЕ ВО КАФУЛЕ ВО КИЧЕВО, ПО ШТО ТОА ЗАВРШИ

04/10/2026
Македонија

ГОРАТ ПАСИШТА НА ШАР ПЛАНИНА Одговорите убедуваат дека пожарот е

04/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45974
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОВА Е ФАРСА, КОСКИТЕ НА САМУИЛ СЕ ОДНЕСЕНИ ВО СОФИЈА УШТЕ ВО 1943 ГОДИНА! Македонски

04/10/2026

Посмртните останки на цар Самуил најверојатно се донесени во Софија уште во 1943-44 година, а овие што сега Грција и

НА ПОВИДОК ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЗА ТРАМПАТА ЗА КОСКИТЕ НА ЦАР САМУИЛ Бугарија на Грција ѝ

04/10/2026

Меѓу 53-те црковни предмети што Бугарија ѝ ги предаде на Грција во договорот за останките што му се припишуваат на

ЈОТОВА НЕ ОДГОВОРИ ДИРЕКТНО ДАЛИ ЌЕ ИМА СРЕДБА МУЦУНСКИ-ПЕТРОВА Бугарија била отворена за разговор, „но

04/10/2026

Вршителката на должноста претседателка на Бугарија, Илијана Јотова, изјави дека Софија „останува отворена за разговори со Северна Македонија“, но порача

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy