Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска: Ги негуваме визиите на Делчев кој е синоним за културен натпревар меѓу народите и слободна македонска држава
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Ги негуваме визиите на Делчев кој е синоним за културен натпревар меѓу народите и слободна македонска држава

04/02/2024

AA

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како член од владината делегација заедно со првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и со Беким Реџепи, заменик министер за транспорт, положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во цркавата „Св.Спас“.

–„Непрекинато да работиш за културното издигање и ослободувањето на македонскиот народ“ и да го гледаш „светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ се визиите на Гоце Делчев што сите ние ги делиме и ден денеска., – напиша министерката Костадиновска-Стојчевска на своата фејсбук страница, по повод 152 годишнината од раѓањето на великанот чие име го сметаме за синоним на народната борба за слобода.

Таа додава дека Делчев, како учител и организатор на Македонската револуционерна организација, го исполнил долгот кон својот народ и во колективната меморија на генерациите до ден денес останува најсветла личност и поради неговата мудрост и поради високите морални карактеристики.

–Историјата е сведок дека Гоце Делчев стапува на политичкиот балкански мегдан токму кога неговиот народ, народот на Македонија непоколебливо носи одлука да ја покаже и употреби својата националната зрелост пред Европа и светот. Тој е еден од најсилните поттикнувачи на вековниот стремеж за македонска држава во која сите ќе уживаат човечки права и социјална правда“, напиша Костадиновска-Стојчевска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy