Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Координатори, секретари, директори и куп нови функционери чекаат многу поголеми плати
Економија

Координатори, секретари, директори и куп нови функционери чекаат многу поголеми плати

04/04/2023

AA

Координатори, директори, претседатели, секретари. Тоа се новите фунцкии кои ги измислила Владата во последните години, а кои сега ќе добиваат уште поголема плата со одлуката на Уставен суд со која се укинаа законски членови со кои изминатите години се одредувал одреден фиксен износ кој служел како основа за определување на платите на функционерите. Сега, останува во сила член 11 од истиот закон според кој, како основица се зема просечната плата исплатена во минатата година според Државниот завод за статистика, а којашто е значително повисока од фиксниот износ.

Досега платата на функционерите се одредуваше со коефициенти според основицата од 26.700 денари, а сега таа ќе биде според просечната плата од 2022, која изнесува речиси 32.000. Укинувањето на фиксната основица, според која се пресметуваат платите на избраните и именуваните лица и наместо тоа, користењето на просечната плата како репер, ќе им овозможи не само на министрите, пратениците, градоначалниците и судии да земат поголема плата отколку до сега, туку и на голем број новопечени именувани функционери, за чии институции или надлежности не се ни знае многу во јавноста.

По 3,3 просечни нето-плати, или повеќе од 100.000 денари ќе добиваат националните координатори одредени од Владата како тие за унапредување на работата на јавните претпријатија, за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, за одговорно владеење и транспарентност, за здравство, за стратегиски комуникации, за развој на културата и меѓуресорска соработка. Има и некои заменици-национални координатори чиј коефициент е 3.0, што значи дека нивната плата ќе биде збир од три просечни плати.

Нови функции се и директор на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Македонија со плата од три просечни, колку што му е одредена и на директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните. Само малку помала плата, според коефициентот, има директор на Инспекторатот за употреба на јазиците.

Претседателот на Инспекцискиот совет и неговите членови сега ќе имаат плата од безмалку четири просечни, а постои и нова функција – секретар на Канцеларијата на Советот за координација на безбедносно разузнавачката заедница, чиј коефициент на плата е 3.3.  Релативно нови функции се и директор на Агенцијата за национална безбедност со плата од четири просечни, според новата ситуација, како и негов заменик со коефициент 3,5.  Претходно директорот на Службата за општи и заеднички работи во Владата добива заменик со 2,6 коефициент.

И од страна на претходната власт имаше нови креирања на функции како членови на Советот за јавни набавки со коефициент 3,7, истражители на Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти 3,0, директор на Управата за електронско здравство 2,9, директор на Aгенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи – 2,9, директор на Геолошкиот завод 3,0 итн.

Иако основицата за пресметување плата согласно одлуката на Уставниот суд се зголемува значително, последната реакција од Владата по ова прашање е дека конкретно ги разгледува можностите за намалување на коефициентите за пресметка на плата кај именуваните лица за кои има законска можност, а со цел да не се оптовари буџетот. Апелираа и до останатите чинители да го направат истото, во рамките на своите законски овластувања.

Вчера министерот за економија Крешник Бектеши рече дека не станува збор за одлука на Владата, туку на Уставниот суд, но и дека се размислува за одредени законски корекции.

– Согласно моите информации и секако, јас сум еден од членовите на Владата, не можам да зборувам во нејзино име на ова прашање, тоа е одлука на Уставен суд и никаква одлука не е донесена од страна на Владата во тој дел и не се опфатени само членовите на Владата, во овој случај министрите, заменик – министрите, но, сите именувани лица. Јас ќе поддржам секаква одлука што ќе ја донесе Владата, нагласи Бектеши.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички

18/06/2026
Македонија

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството

18/06/2026
Македонија

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите –

18/06/2026
Македонија

Алиу ја открива визијата за Новиот клинички центар: „8 Септември“

18/06/2026
Македонија

Алиу: Системот со отпечатоци од прст е поевтин чекор, срамота

18/06/2026
Македонија

Алиу: Здравствениот систем нема да се креира според желби на

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува воведување парамедици во Итната помош и целосна заштита

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува револуција во Итната помош: Посебна институција, 100 нови

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43815
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички лесно се преместуваат, со регионализација

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ одговори на двете главни дилеми кои подолго време

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството за здравство

18/06/2026

Проектот за директна комуникација со граѓаните преку веб-страницата на Министерството за здравство почна да ги дава првите финални резултати. Како

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите – лековите пратени во Германија на

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го претстави планот за спас на вредна медицинска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy