Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Комисијата за спречување и заштита од дискриминација продолжува со серијалот „Отворени средби“ за комуникација со граѓанскиот сектор
Македонија

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација продолжува со серијалот „Отворени средби“ за комуникација со граѓанскиот сектор

26/06/2023

AA

Граѓаните и активистите на граѓанските организации кои дејствуваат на територијата на општина  Крива Паланка и нејзината околина ќе имаат можност, преку директна комуникација со членови и вработени во КСЗД, да се запознаат со надлежностите и начинот на работа на ова независно институционално тело, задолжено за промоција на еднаквоста, унапредување на човековите права и спречување и заштита од секаков вид дискриминација.

Ваквите средби претставуваат и дополнителна можност за активистите од граѓанските организации кои делуваат во областа на човековите права, како и на институциите на локално ниво, да ја продлабочат соработката со Комисијата во насока на подигнување на јавната свест, поголема мобилизација и заедничко делување во борбата против дискриминацијата.

„Овие средби се одлична можност за Комисијата да оствари директен контакт со граѓаните, организациите и локалните институции, за да може ‘од прва рака’ да се запознае со нивните ставови и мислења. Истовремено, ваквата директна комуникација ни овозможува на ефикасен начин, преку разгледување конкретни примери од практиката, да ги запознаеме граѓаните со работата, начинот на постапување и надлежностите на КСЗД. Во борбата против дискриминацијата сме вклучени сите, без исклучок и оттаму најважно е да се запознаеме подобро, да се едуцираме и потоа заеднички да делуваме“, истакнуваат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и ги покануваат граѓаните и граѓанските активисти да присуствуваат на отворената средба во Крива Паланка и да имаат заедничка плодна дискусија.

По настанот во Крива Паланка, серијалот „Отворени средби“ ќе продолжи на 6 јули во општина Гостивар и на 13 јули во општина Гевгелија.

Комисијата за спречување и заштита на дискриминација започна со работа во февруари 2021 година, по усвојувањето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација. Покрај заштитната улога и постапување по претставки од граѓаните, како и по службена должност, Комисијата има и превентивна улога која ја спроведува со едукација и соработка со граѓански организации, државни институции и институции на локално ниво. „Отворените средби“ се дел од активностите кои членовите на Комисијата ги преземаат заради ефикасна комуникација со граѓаните и за претставување на Комисијата и на нејзините надлежности во јавноста.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45803
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ ДВАЈЦА Полицијата во Свети Николе

25/09/2026

Расправија за паркинг во Свети Николе завршила со автомобил насочен кон двајца мажи и метална порта урната врз нив. Полицијата

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата го бара возачот, незгодата не

25/09/2026

Празен автобус околу 13:30 часот излетал од патот во близина на тетовското село Стенче, но кога полицијата дознала за незгодата,

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата во новото крило ќе надмине

25/09/2026

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид до Нова година треба да го стави во употреба новото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy