Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колку пари ќе ви легнат на сметката од К-15? Газдите имаат помалку од десет дена да исплатат регрес за годишен одмор
Македонија

Колку пари ќе ви легнат на сметката од К-15? Газдите имаат помалку од десет дена да исплатат регрес за годишен одмор

19/12/2023

AA

Помалку од десет работни дена или заклучно со 31 декемри 2023, остануваат работодавците да го исплатат регресот за годишен одмор на работниците или популарното К-15 кое секоја година е се повисоко благодарение на растот на просечната плата.

Минималниот износ за К-15 годинава изнесува најмалку 14.700 денари, бројка која се добива врз основа на последните три нето плати кои ги објавил Државниот завод за статистика, (37.876 денари септември, 36.390 денари август, 36.286 јули). Правото на регрес за годишен одмор е во висина од најмалку 40% од просечната нето плата во Македонија.

Работникот има право да добие К-15 ако бил ангажиран кај истиот работодавач најмалку шест месеци без прекин во текот на календарската година без разлика дали работел со договор на неопределено или определено време.

Законски, исплатата на регресот започна на 1 јули годинава и некои фирми почнаа да го исплаќаат износот наеднаш или на двапати со цел да им се олесни финансиското работење.

Оваа година К-15 ќе добијат и административците од 10.000 денари, а од наредната година сумата која ќе им се исплаќа на вработените во државно ќе биде 30 отсто од просечната плата.

Според Гранскиот колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините и Градот Скопје, агенциите и фондовите и органите кои ги основа Собранието на Република Македонија, вработените кои засновале работен однос во наведените работодавачи имаат право на регрес за годишен одмор под услов да работеле најмалку 6 месеци во календарската година кај работодавачот.

За работодавците кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.

„Ако сопственикот на компанијата не сака да исплати К-15 на вработените, тогаш се соочува со казна до 4.000 евра, а за оние работодавачи, пак, кои бараат да им се вратат во кеш исплатените пари за К-15, предвидена е затворска казна од 3 до 12 месеци“, објаснуваат од ССМ.
Од ССМ и годинава брифираат дека и покрај високите казни, сепак, голем дел од компаниите секоја година се обидуваат да најдат разни оправдувања за да не им исплатат регрес на работниците. Само во 2022 гоина се евидентирани над 3.000 жалби за прекршено право на регрес за годишен одмор.

Појава која тешко се искоренува е и праксата работодавачите да бараат од вработените да им ги вратат парите во кеш кои претходно им биле префрлени на трансакциска сметка.

Синдикатите секоја година советуваат, работниците кои не добиле К-15 на сметката, да поднесат претставка до Државниот инспекторат за труд заради утврдување на евентуални неправилности и потоа паричните побарувања да се остварарт непосредно пред надлежен суд.

Законската обврска за исплата на К-15 беше укината во 2005 година и беше повторно воведена во 2014 година кога се измени Општиот колективен договор за приватниот сектор.

Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот.
Доколку работникот е пријавен на пола работно време (20 часа неделно), му следуваат најмалку 10 работни дена годишeн одмор (член 48, став 4 од Законот за работни односи) и исплата на половина износ од утврдениот регрес. Во случај кога работникот е пријавен на цело работно време (40 часа неделно), му следуваат најмалку 20 работни дена годiшен одмор, односно најмногу 26 работни дена (член 137, став 1 и став 2) и исплата на целиот износ за регрес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА НАУЧНА ПОТВРДА ДЕКА МОШТИТЕ СЕ НА ЦАР САМОИЛ Бугарија

30/09/2026
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45878
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА НАУЧНА ПОТВРДА ДЕКА МОШТИТЕ СЕ НА ЦАР САМОИЛ Бугарија и Грција немаат правна основа

30/09/2026

Не е научно потврдено дека моштите кои Софија ќе ги добие в сабота се на цар Самоил, ниту пак Бугарија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy