Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕУ го забрзува времето за издавање дозволи за рудници, по чии ноти ќе игра Македонија за развојот на рударството – по европски или по руски?
Македонија

ЕУ го забрзува времето за издавање дозволи за рудници, по чии ноти ќе игра Македонија за развојот на рударството – по европски или по руски?

19/12/2023

AA

Европската Унија ги олеснува процедурите во рударството и бара да се истражуваат геолошките ресурси. Целта на Брисел е да се реализира зацртаната зелена агенда, а за тоа да се случи неопходни се минерални суровини. ЕУ веќе изготви и листа на критични минерални суровини, за кои не сака да биде премногу зависна од трети страни, како Кина и Русија. Законот за критичните минерални суровини на Унијата се очекува да стапи во сила во првата половина од 2024 година. На листата на критични суровини се најдоа 16 руди. Една од целите во новиот закон е ниту една трета страна да не ја обезбедува ЕУ со повеќе од 65% од која било стратешка суровина, вклучувајќи кобалт, бакар, магнезиум и титаниум, пишува Плусинфо.

„ЕУ треба да ги ублажи ризиците кон синџирите на снабдување, поврзани со евентуална стратешка зависност и да ја подобри економската отпорност, особено по пандемијата на ковид-19 и енергетската криза по руската инвазија на Украина“, се наведува во образложението на Законот.

Главните насоки кои треба да се постигнат до 2030 година се експлоатација на најмалку 10% од конкретната суровина во однос на годишната потрошувачка на ниво на ЕУ, потоа обработка на најмалку 40% од годишната потрошувачка на ЕУ и рециклирање на најмалку 15% од годишната потрошувачка на ЕУ. За ова да се оствари законот ги намалува административните бариери за инвеститорите во рударството.

„Се поедноставуваат процедурите за издавање дозволи за проекти со суровини во рамки на ЕУ. Покрај тоа, избрани стратешки проекти ќе имаат финансиска поддршка и кратење на временските рамки за издавање дозволи (24 месеци за дозволи за екстракција и 12 месеци за обработка и дозволи за рециклирање). Земјите-членки исто така ќе треба да развијат национални програми за истражување на геолошките ресурси“, се додава во предложениот текст.

– Со конкретни економски стимулации, ќе создадеме сигурност за планирање проекти за приватните инвеститори – преку единствени точки за контакт за компаниите и брзи и едноставни процедури за дозволи со јасни рокови за националните власти. Ова ќе го поттикне рударството, преработката и рециклирањето во Европа – рече германската европратеничка Никол Бир, при внесувањето на текстот на комисиска расправа.

Во меѓувреме, на последниот Самит ЕУ-Западен Балкан, кој се одржа минатата недела, во заедничката Декларација беше повикан и регионот да се приклучи кон Зелената агенда на ЕУ.

„ЕУ потсетува на својата одлучност да ги поддржува лидерите од Западен Балкан за да ја исполнат својата обврска за потполно спроведување на Зелената агенда за регионот, вклучително и своите климатски обврски согласно Парискиот Договор, Енергетската заедница и Декларацијата од Софија за Зелена агенда за Западниот Балкан, како клучен двигател за премин кон модерни, климатски неутрални економии, отпорни на климатските промени и ефикасни во однос на ресурсите“, пишува во Декларацијата.

Во меѓувреме, рударството во Македонија е со сѐ помало учество во бруто-домашниот производ на земјата и засега актуелната состојба во овој сектор е многу далечна од приоритетите кои ги поставува Брисел. Наспроти фактот што земјава поседува голем дел од критичните минерали по кои трага Унијата, инвестициите во рударскиот сектор во Македонија се соочуваат со низа пречки.

Последен пример е најавата за изградба на рудник за бакар во Иловица, зад кој стои канадската компанија Трафигура. Под притисок на дел од јавноста надлежните органи неколкупати го менуваат ставот за дозволите што ги добива инвеститорот за да може да ја реализира својата инвестиција. Сепак, дел од светските медиуми и извештаи на релевантни истражувачки центри, во позадина на ваквите случувања насетуваат политика од трета страна. Во истражувањето на „Белингкет“ се наведува дека од 2017 година па наваму Македонија им откажала концесии на четири западни инвеститори во рударството. Во него директно се посочува и делувањето на еко-активистите кои се против отворање на рудниците.

„Ангел Наков ги води кампањите против западните комерцијални проекти како што е канадската ‘Резервоар Минералс’ на планината Кожув и рударскиот проект Казандол, кој е управуван од украинско-британската групација Сардич. Тој, исто така, е главен поддржувач на едно од здруженијата против рударството, кои водат кампања против концесијата за рудникот Иловица-Штука“, пишува во текстот.

Дури и руски „Инсајдер“ пишува дека „Кремљ долго време се подготвува да добие контрола над Македонија – користејќи ја дипломатијата, активностите на специјалните служби, преку контрола на националистичките групи и со економско влијание“. И овој медиум забележува дека немало зелено светло за западните инвеститори во Македонија.

„Еден од најактивните на ова поле беше Крум Велков, кој е отворен промотор на руските интереси во Македонија. Велков и неговиот соработник Ангел Наков водат кампања против западните рударски компании како канадската Reservoir Minerals или украинско-британската Sardich. Тој ги поддржува и локалните невладини организации што го напаѓаат проектот за рудник за бакар Иловица. Сите овие проекти моментално се во мирување. Крум Велков е автор на антизападни написи на заговор на веб-страниците на ‘Геополитика’ и на веб-страницата на ‘аналитичкиот центар’ Катехон, кој е раководен од Константин Малофеев, Сергеј Глазиев и генерал Решетников“, пишува Инсајдер.

Најголемиот дел од инвестициите во рударството во моментов остануваат заплеткани во правните лавиринти, а додека ЕУ апелира да се намали зависноста од третите страни, единствениот рудник за бакар во земјава „Бучим“ во Радовиш, чиј сопственик е „Солвеј“, се поврзува со Русија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОВРЕДЕН ПРИПАДНИК НА „ТИГАР“ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“ Завршил во болница

21/11/2026
Македонија

СТУДОТ ПОЧНУВА ДА ПОКАЖУВА ЗАБИ По сончевите периоди следуваат дожд,

21/11/2026
Македонија

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И ВО СТРУГА ПОРАДИ ЕДИ

21/11/2026
Македонија

НИТУ ДЕНАР ДОЛГ КОН ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМ Петрушевски тврди дека

21/11/2026
Македонија

ОХРИД НЕ МОЛЧИ ПО БРУТАЛНИОТ НАПАД ВРЗ САРА Граѓаните бараат

21/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски

21/11/2026
Македонија

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО

21/11/2026
Македонија

ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД КОН МАКЕДОНИЈА Забранет

21/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46875
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОВРЕДЕН ПРИПАДНИК НА „ТИГАР“ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“ Завршил во болница по пад од мотоцикл

21/11/2026

Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ бил повреден при управување со мотоцикл во касарната „Илинден“, по што со возило на

СТУДОТ ПОЧНУВА ДА ПОКАЖУВА ЗАБИ По сончевите периоди следуваат дожд, снег на планините и минусни

21/11/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди, а кон крајот на денот и повремени врнежи од дожд, најавуваат метеоролозите за недела,

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И ВО СТРУГА ПОРАДИ ЕДИ РАМА Еве кои патишта ќе

21/11/2026

Посетата на албанскиот премиер Еди Рама ќе донесе засилени безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга. Ограничувањата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy