Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колку лица месечно се бришат од евиденцијата на невработени?
Економија

Колку лица месечно се бришат од евиденцијата на невработени?

17/07/2023

AA

Статистичките
податоци покажуваат дека секој месец по неколку илјади луѓе се бришат од
евиденцијата на невработени во државава.

Според податоците
на Агенцијата за вработување, објавени на нивната веб страница, од евиденцијата
на невработени во мај годинава се избришани 4.983 лица. Од нив, 1.893 засновале работен однос, 2.365 се симнати од евиденција по законски основ, а 725 преминале во евиденција
на други лица кои бараат работа. Во април вкупната бројка е 4.090 од кои 1.746 засновале работен однос, 1.674 се симнати од евиденцијата по законски основ, а 670 преминале во евиденцијата на други лица кои
бараат работа.  Во март, одливот е 5.734, во февруари изнесувал 5.056, а во јануари се
избришани 5.899 лица од евиденцијата на невработени.
Месечно, има прилив од по неколку илјади луѓе во евиденцијата на невработени.
Има месеци кога приливот е поголем од одливот и обратно. Ги прашавме граѓаните
дали редовно се пријавуваат во Агенцијата за невработени доколку се без работен
ангажман.

„Јас се
пријавував одреден временски период откако дипломирав, но брзо потоа најдов
работа и не се пријавував. Ако сум невработена секако дека ми е важно да сум
пријавена, затоа што сакам да најдам работа, важни ми се обуките, финансиите,
да имам стаж. Вработувањето ми е многу битно“, вели Ангела.

Нашите
соговорници објаснуваат дека практикуваат да бидат заведени како активни
баратели на работа.

„Претходно
работев, но сега кога сум невработена, се пријавувам редовно, затоа што сакам
да најдам работа“, рече Јелена.

Но, има и граѓани
кои не сакаат да се пријавуваат.

„Невработена сум,
ама не се пријавувам, затоа што тоа ќе ми биде обврска плус, а не верувам дека
ќе имам некој бенефит“, додава Сара.

Сепак, граѓаните
велат дека оној кој сака да се вработи, треба и сам да се потруди за пронаоѓање
на работа.

„Се пријавував во
Агенцијата за вработување, но сама си барав работа, не чекав да ми најдат
работа. Што да чекам, додека човек не се потруди сам, нема ништо. Се пријавував
секој месец, бев активен барател, но за среќа повеќе време сум вработена, а
краток период бев со статус невработена“, објаснува нашата соговорничка
Даниела.

Бришење се прави ако лицето веќе
не е невработено, доколку само се одјави од регистарот,  не се пријави во утврден рок или не се јави на
покана од Агенцијата од неоправдани причини, не ја извести Агенцијата за стекнувањето и
губењето на правата, одбие да се вклучи во активна политика за
вработување или не ги исполни обврските од договорот за учество во активна
политика за вработување, одбие да потпише Индивидуален план за
вработување, исполни услови за пензија и слично.

Сања Атанасовска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy