Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЛКУ ИЗНЕСУВА МИНИМАЛЕЦОТ ВО ЕВРОПА, КОЛКУ КАЈ НАС? Еве каде сме и каде се највисоките минимални плати
Економија

КОЛКУ ИЗНЕСУВА МИНИМАЛЕЦОТ ВО ЕВРОПА, КОЛКУ КАЈ НАС? Еве каде сме и каде се највисоките минимални плати

29/08/2024

AA

Минималната плата во Македонија согласно утврдената методологија достигнува 22.567 денари, или околу 370 евра. Иако синдикатите бараат раст и на минималните, но и на останатите плати, такво ветување нема. 

Од друга страна, минималната плата во соседна Србија следната година ќе биде повисока за 13,7 отсто, што, како што е најавено, и ќе достигне 53.592 динари или скоро 460 евра. Сега во соседството минималецот изнесува 47.335 динари, што е околу 404 евра.

Што се однесува пак до другите земји во соседството, минималната плата во Албанија е околу 354 евра во 2024 година, во Босна и Херцеговина 316 евра, во Косово 320 евра, додека кај нашиот сосед Бугарија 370 евра.

Од друга страна, Хрватска има значително повисок минимум кој изнесува 677 евра, потоа Црна Гора 450, Романија 475, како и Република Српска, каде минимумот за годинава е 459 евра.

Каде е Европа, а каде сме ние

Според тоа, нивото на минималната плата кај нас е се уште далеку од некои земји во регионот и по две двоцифрени зголемувања.

Ако погледнеме како се движат мимималите во поразвиените земји од Западна Европа, тогаш разликата е многу поголема.

Во Германија минималната плата е загарантирана на 1.546 евра, додека во Франција е околу 1.400 евра, а во Шпанија околу 1.170.

Исто така, минималната плата само ќе се изедначи со минималната потрошувачка кошничка која последен пат беше пресметана за мај годинава, почнувајќи од јануари.

Минималната потрошувачка кошничка во мај порасна за 3,2 отсто на годишно ниво, па со ваков раст несомнено ќе биде повисока од минималната плата и следната година.

Фото: Фактор

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy