ИМ ПОКАЖАЛ НА ЖЕНИТЕ ДА ИЗБЕГААТ ОД ЗАДНИОТ ВЛЕЗ ДОДЕКА ПОЛИЦИЈАТА БИЛА ВО ЛОКАЛОТ Пријавен 50-годишник од гостиварско
Педесетгодишен жител на гостиварското село Форино е осомничен дека се обидел да ги спречи полицајците во извршување на службените дејствија, откако ја заклучил влезната врата на угостителски објект во Чегране и им кажал на жените што работеле таму да избегаат од задниот влез.
Станува збор за Х.М. (50), против кого е поднесена кривична пријава за „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.
Настанот се случил на 30 јули годинава. Додека полицајците извршувале службени дејствија во локалот, 50-годишникот ја заклучил главната влезна врата и им покажал на жените кои работеле во објектот да излезат од задниот влез.
На тој начин, според пријавата, тој ги попречил полициските службеници во извршувањето на нивните задачи.
.
Извор: plusinfo.mk