Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кои се најголеми продавачи на брендирана облека? Како поминаа увозниците на: „Зара“, „Лакоста“,„Пјер Карден“, „Ваикики“, „Хилфигер“, „Том Тејлор“…?
Економија

Кои се најголеми продавачи на брендирана облека? Како поминаа увозниците на: „Зара“, „Лакоста“,„Пјер Карден“, „Ваикики“, „Хилфигер“, „Том Тејлор“…?

23/06/2023

AA

Граѓаните лани за облекување во најпопуларните и најпрестижни бутици и продавници за брендирана роба потрошиле над 88 милиони евра. Тоа е агрегатниот приход на осумте најголеми увозници и продавачи на облека во специјализирани продавници

Најголем продавач на домашниот пазар лани е „Ваикики Ретаил МК“. Оваа турска компанија лани годината ја заврши со приход од продажба вреден 36,3 милиони евра. Оваа компанија во Македонија за работењето во 2022 година прокнижи загуба од 1,5 милиони евра. Од аспект на број на ангажирани вработени оваа фирма е гигант во оваа индустрија. За неа лани во Македонија работеле 416 лица.

„ИТХР Македонија“ е македонската филијала на реномираниот глобален продавач на облека „Зара“. По „Ваикики“ таа е најголем продавач на облека во Македонија. Лани ова друштво на домашниот пазар пласирало облека во вредност од 28,4  милиони евра. Профитот е три милиони евра и ова е најпрофитабилната компанија во конкуренцијата на продавачи на брендирана облека на нашиот пазар.

Скопското друштво „Магнетик“ кое оперира со бројни брендови од модната индустрија на македонскиот пазар. Приходот на друштвото лани изнесува 6,4 милиони евра и неговата добивка е 217.000 евра. Оваа компанија лани ангажирала 106 вработени.

МГ Фешн компанијата што управува со брендот „Фешн Груп“ лани оствари приходи од 4,4 милиони евра и оствари добивка од 520.00 евра. Во оваа конкуренција МГ Фешн е најуспешна компанија лани од аспект на учеството на профитот во вкупниот годишен приход. 

ЦМ Делта е скопска компанија која обединува продажба на повеќе глобални брендови облека меѓу кои се : „Лакоста“, „Гант“, „Поло Ралф Лорен“, „Томи Хилфигер“, „Келвин Клајн“, ОБЦ Кидс“ и други. Лани ова друштво заврши со профит од 128.000 евра, а приходот на друштвото изнесувал 4 милиони евра.

Турскиот премиум производител на текстил Котон Магазаџилик лани има приход од 3,6 милиони евра, а годината ја завршил со добивка од 19.000 евра.

Претставникот на „Пјер Карден“ е скопската компанија Нени Компани. Ова друштво лани оствари приход од 3 милиони евра. Добивката за минатата година е пристојна и изнесува 275.000 евра.

„Том Тејлор“ македонска филијала на истоимениот американски моден бренд лани на нашиот пазар има приход од 2,2 милиони евра.Добивката е пристојна и во однос на приходот е на слично ниво како и кај Нени Компани“ и изнесува 184.000 евра.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy