Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: Постојат влијанија, на пример криминалец кој е опасен за државата добива куќен притвор
Македонија

Спасовски: Постојат влијанија, на пример криминалец кој е опасен за државата добива куќен притвор

23/06/2023

AA

Лице кое е профилирано како опасно по безбедноста на државата и притоа ја напушта државата, добива куќен притвор. Ова синоќа го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гостувајќи во ТВ Телма на тема влијание врз поединци во некои институции.

„Секако дека постојат влијанија. На пример, еве го споменавте лицето со иницијали Б.Ш. на коешто му е извршен претрес, пронајдено оружје, притоа е повратник од воените жаришта во Сирија и на крајот, замислете кое е размислувањето на инспекторите и припадниците на МВР кои работеа на случајот, кога ја гледаме одлуката на судот која гласи – домашен притвор. За лице кое е профилирано како опасно лице по безбедноста на државата и притоа ја напушта државата?! Тоа е најнесигурниот начин на обезбедување и би рекол не се прават никакви проценки во овој дел. Затоа сметам дека многу отворено, ефикасно, искрено треба да се работи. Без разлика дали се политички, бизнис конекции или било какви други, тие мора да бидат пресечени – така можеме да го изградиме системот кој би функционирал“.

Според Спасовски, тоа доволно говори зошто е потребно сите држави во регионот да се дел од меѓународните мрежи како Интерпол и Европол, да имаат заеднички консолидиран одговор, без разлика на политичките односи коишто треба да се решат меѓу земјите преку дијалог, како најдобар начин.

Граѓаните во однос на оваа институција, министерот Спасовски подвлече дека многу е важно каква ќе биде перцепцијата на доверба на граѓаните кон институцијата.

„Ако направиме компарација, 2015 или 2016 година, имавме најниско ниво на доверба во МВР и притоа беше една од најнетранспарентните или најзатворените институции. И во тој период имавме детектирано точно зошто ни се случуваа такви резултати на перцепцијата: прислушувањето, случајот со Мартин Нешковски, случувањата во Куманово… И второ, нетранспарентноста којашто беше клучна во градењето на недовербата. Мислам дека тоа беа првите задачи коишто ние си ги поставивме како раководство во МВР за да ја смениме таа перцепција. Таа перцепција не може да се промени сама од себе, треба многу работи. Да се работи на тоа да се гради доверба помеѓу заедницата, граѓаните и МВР и да се работи на транспарентноста“, потсети Спасовски, додавајќи дека првите неколку дена во МВР, од  тогашни раководни структури бил советуван институцијата да не се отвора толку жестоко како што наложил, бидејќи перцепцијата ќе се менува имајќи го предвид споделувањето со јавноста на бројот на кривични дела и сл.

„Меѓутоа, бев цврст во моето убедување дека сето она што го работиме треба да го споделиме со граѓаните. И околу тоа што се презема – навистина да бидат запознаени граѓани, да имаме одговорност во тој дел“, рече Спасовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy