Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМА ФИНСКА КОМПАНИЈА ГО КУПУВА САЈТОТ „ВРАБОТУВАЊЕ“ – ќе се наруши ли пазарот на огласување на работните места?
Економија

ГОЛЕМА ФИНСКА КОМПАНИЈА ГО КУПУВА САЈТОТ „ВРАБОТУВАЊЕ“ – ќе се наруши ли пазарот на огласување на работните места?

23/06/2023

AA

Се продава компанијата Вработување онлајн, сопственици на порталот за
вработување – Вработување.ком.мк, кои се едни од најпознатите огласувачи на
работни места. Ова наше друштво за услуги се продава на финска компанија во
делот на медиумите, услугите и маркетингот.

Дека зделката е пред склучување, може да се види од објавата на Комисијата
за заштита на конкуренцијата, која, пак, треба да „пресече“ дали со неа ќе се наруши пазарот на огласување на слободните работни места.

Оттаму известија дека финската компанија Алма Кариер ќе
стекне контрола над Друштвото за услуги – Вработување онлајн од Северна Македонија, а некој веќе ги
известил дека тука може да има нарушување на конкуренцијата.

„Согласно
член 15 од Законот за заштита на конкуренцијата, на ден 16 јуни 2023 година,до Комисијата за заштита на
конкуренцијата е доствено известување за концентрација која се однесува на
стекнување самостојна контрола од страна на Алма Кариер, друштво со ограничена одговорност
регистрирано во согласност со законите на Финска, со седиште во Хелсинки, над Друштвото за услуги Вработување онлајн ДОО Скопје, со регистрирано
седиште во Скопје.

Фактор се интересираше во Комисијата за заштита на конкуренцијата каква
концентрација со ризик од монополско или олигополско однесување на пазарот на огласување може да настане
со евентуалното купување на Вработување Онлајн од стграна на финската компанија
Алма.

Објаснувањето од таа институција е дека такво барање за разгледување на
евентуална концентрација кај нив е стигнато, а според процедурите, првично
треба да влезе во архива, по што го разгледуваат стручните служби на
Комисијата. Ако тие оценат дека има потреба, нивното известување јавно и
официјално се става на нивната веб страница, по што сите засегнати страни имаат
рок од 10 дена да ги дадат своите забелешки. Доколку и откако ќе стасаат
забелешките, целата документација стигнува до директорот, по што тој одлучува
дали ќе го стави предметот на седница на гласање, или нема да го стави, што би
значело дека проблем од аспект на заштита на конкуренцијата нема и зделката
може да се реализира. За неколку дена ќе се знае како во овој случај ќе реагира
антимонополската комисија.

Фактор се јави и во компанијата Вработување онлајн, со намера да прашаме
која е сумата по која ќе биде продадено ова претпријатие, кои биле мотивите што
се решиле на продажба, кога се планира да се реализира зделката и слично, но
оттаму ни рекоа дека на овие прашања можат да одговопрат само сопствениците, а
тие биле на службен пат. Доколку тие се јават со свој став за продажбата,
Фактор ќе го објави во целост.

На својата веб страница, пак, од
порталот Вработување, пак, напишале дека со нив управува компанијата
Вработување Онлајн ДОО, која што е дел од Алма Кариер.

„Vrabotuvanje.com.mk
денес се наоѓа помеѓу 15 најпосетени веб страници во земјата, со повеќе од
500.000 уникатни посетители месечно. Довербата ни ја укажаа повеќе од 30.000
клиенти со објава на огласи на Vrabotuvanje.com.mk.
Со порталот Vrabotuvanje.com.mk управува
компанијата Вработување ОНЛИНЕ ДОО, којашто е дел од Alma Career
“, се вели
во импресумот на Вработување.

Инаку, во известувањето од Комисијата за заштита на конкуренцијата стои
дека Алма Кариер е друштво регистрирано во Финска, кое е дел
од Алма Медиа Групацијата. Групацијата Алма Медиа e меѓународна групација која
обезбедува дигитални и медиумски услуги. Во матичната држава Финска, деловните
активности на Групацијата вклучуваат маркетплејс онлајн платформи за домување и
возила, финансиски и професионални медиуми, медиуми за широки спектари на
клиенти, како и содржини и услуги поврзани со податоци наменети за
професионалци и деловни потфати.

Во Источна и Централна
Европа, Шведска и во Балтичките држави, Алма Медиа спроведува деловни
активности поврзани со услуги од областа на вработувањето и онлајн маркетплејс
за комерцијални објекти. Алма Медиа Групацијата е присутна во 11 држави во
Европа и вработува над 1.700 лица. Акциите на Алма Медиа котираат на берзата
НАСДАК во Хелсинки.

Деловните активности на Алма
Кариер опфаќаат
консултантски услуги од областа на регрутирањето вработени, услуги за објава на
слободни работни места, следење на апликации за работа, брендирање на
работодавачи, технолошки системи и услуги од областа на работните односи,
активности поврзани со саеми за вработување, едукативни системи и услуги, како
и услуги поврзани со ангажирање на вработени.

Додека, пак, за друштвото за услуги Вработување онлајн ДОО Скопје, од Комисијата навеле дека е основано во 2017
година и е со приоритетна дејност – интернет
портали. Oсновна деловна активност на Вработување онлајн е објавување на слободни работни места. Исто така друштвото спроведува активности
поврзани со виртуелни саеми за вработување, брендирање на работодавачи,
обработка и објавување на податоци за плати, како и активности за истражување на
задоволство на вработени

„Подносителот
на известувањето смета дека како релевантен пазар, за целите на оценка на
концентрацијата е пазарот на огласување на слободни работни места преку
интернет на територијата на Северна Македонија.Врз
основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната
концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на
конкуренцијата“, се вели во
објаснувањето од подносителот зошто се покренува постапка на преиспитување.

Но, се нагласува и дека сепак, конечната одлука по ова прашање, е резервирана.

„Комисијата
ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за
оваа концентрација до Комисијата. Тие
треба да пристигнат до Комисијата во рок од 10 дена од денот на објавување на
ова известување, односно 20 јуни
годинава“, се вели во Објавата од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy