Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОИ ФИРМИ ЛАПНАЛЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ОД ТЕНДЕРИ ВО ЗЕМЈАВА? Зеле една милијарда евра од државата
Економија

КОИ ФИРМИ ЛАПНАЛЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ОД ТЕНДЕРИ ВО ЗЕМЈАВА? Зеле една милијарда евра од државата

06/12/2024

AA

Во последните пет години во земјава се склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 5,8 милијарди евра, а 36 % од нив, односно 2,1 милијарда евра им припаднала само на 50 фирми. Само првите 10 фирми на врвот од оваа листа добиле тендери во вредност од 1 милијарда евра. Во листата на најголеми добитници на тендери се градежни компании, веледрогерии, дистирбутери на нафтени деривати итн. На дел од компаниите кои се на листата 50 најголеми добитници на тендери, речиси целиот бизнис им почива на договори за јавни набавки. Во првите 10 фирми се Марковски Компани Битола, Д-р Пановски, Пуцко Петрол, Алкалоид Конс, Енерџи Деливери Солушнс, Макпетрол, Илинден Струга, Гранит, Македонски телеком и Стентон Градба Битола.

Ова го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за 50-те фирми кои добиле најмногу пари во јавните набавки во последните пет години (2019-2023 година) и отворената база на податоци за нив.

Според истражувањето, фирмите кои добиле најголема вредност на тендерите во изминатите 5 години, во најголем дел се од земјава и ним им припаднале 95 отсто од вредноста на тендерите. Само 5 отсто земале фирми од странство. Притоа, убедливо најголем удел имаат скопските фирми, а по нив битолските.

-Прворангираната фирма, Марковски Компани, за 5 години има склучени вкупно 77 договори за јавни набавки во вредност од 151 милион евра. Дури 66 тендери им се склучени со државното претпријатие АД Електрани, во вредност од 141 милион евра. Второпласираната Д-р Пановски во анализираниот петгодишен период има склучено 1 491 договор во вредност од 144 милиони евра. Трета е Пуцко Петрол од с. Пласница со склучени 1 776 договори во вредност од 137 милиони евра, наведува Центарот за граѓански комуникации.

Според дејноста, дури 39 отсто од вредноста на договорите отпаѓа на градежништвото каде припаѓаат и договорите на АД Електрани за користење на механизација и работници за ископ на јаглен. На второ место се тендерите за набавка на лекови и медицинска опрема во вредност од 559 милиони евра и удел од 27 отсто. На трето се нафтените деривати со вредност од 297 милиони евра и удел од 14 отсто. Сите други фирми, согласно дејноста, имаат удел под 10 проценти.

-Одредени компании во изминатите пет години имале поголема вредност на добиените тендери отколку вредноста на вкупните приходи што ги оствариле. Ова значи дека договорите се склучени, но побарувањата за нив или сè уште не доспеале или пак не се наплатени. Но, ова секако зборува дека бизнисот на овие компании целосно почива на јавните набавки, велат од Центарот за граѓански комуникации. 

МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА

06/11/2026
Македонија

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ДО БИТОЛА И НАЗАД Клиентите од

06/11/2026
Македонија

СО 6 ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ПРОДАЖБА НА „АЛТА

06/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИТЕ Сиљановска-Давкова бара еднаков

06/11/2026
Македонија

3 НОВИ ОЛЕСНУВАЊА ЗА КЛИЕНТИТЕ НА „АЛТА БАНКА“ Народната банка

06/11/2026
Македонија

ЗГОЛЕМЕН ЛИМИТ, НОВИ ШАЛТЕРИ И ЦЕЛОСНА ИСПЛАТА НА ИДНИ ПРИЛИВИ

06/11/2026
Македонија

3.000 СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ ПО НОВ МОДЕЛ За одличните студенти по

06/11/2026
Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ПРЕГОВАРА СО СТУДЕНТИТЕ ЗА НОВИОТ СТУДЕНТСКИ ОБРОК Европскиот извештај

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46633
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА БАНКИТЕ Народната банка веќе ги

06/11/2026

Паниката што ја создава претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со најавите за домино-ефект во банкарскиот сектор е неодговорна и може

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ДО БИТОЛА И НАЗАД Клиентите од Ресен, Прилеп и од Охрид

06/11/2026

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „Алта банка“ АД Битола, а

СО 6 ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ПРОДАЖБА НА „АЛТА БАНКА“ Тоа е најдобриот начин

06/11/2026

Шест потенцијални инвеститори ќе имаат состаноци со претставници на Народната банка за можна продажба на „Алта банка“ АД Битола. Разговори

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy