Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој е Вивек Рамасвами – Биотек милијардерот и ѕвезда на Републиканците
Економија

Кој е Вивек Рамасвами – Биотек милијардерот и ѕвезда на Републиканците

19/11/2024

AA

Вивек Рамасвами е политичка ѕвезда во подем на Републиканците, кандидат за
претседател на САД, биотек милијардер и нов министер во Владата на Доналд Трамп
кој заедно со Илон Маск ќе го предводат новиот департмент за владина ефикасност
(
DOGE).

Рамасвами е една од клучните фигури за успехот на Доналд Трамп иако беше
учесник во партиските избори борејќи се за номинацијата на Републиканската
партија за иден претседател против Доналд Трамп.

Во текот на таа кампања Рамасвави покажа дека е лојален на идеологијата на
Доналд Трамп и служеше како сурогат за зајакнување на МАГА движењето. Во
меѓувреме најсилните кандидати како Рон Десантис гувернерот на Флорида и Ники
Хејли поранешната гувернерка на Јужна Каролина најсилно го критикуваа Трамп и
неговото влијание врз Републиканската партија. Денес и двајцата се надвор од
најблискиот круг соработници на староновиот претседател на САД.

Рамасвами се профилираше како остар говорник кој вешто ги водеше сите
дебати за културните војни во САД, прецизно ги детектираше проблематичните идеи
на Демократската партија која се повеќе се радикализираше во крајна левица по
одредени идентитетски прашања и најдобро ја претстави идејата за продолжување
на политиката „Америка пред сите“ (America
first).

Инаку, Рамасвами е личен пријател со Џеј Ди Венс, новизбраниот американски
потретседател, со кого се знаат уште од студентските денови, а сега се силни
политички сојузници.

Имено, Рамасвами е и еден од главните линкови меѓу напорите на милијардерот
Илон Маск во реваншот против Демократите и неговата директна поддршка на Трамп
како идеален кандидат на Републиканците во неодамнешните претседателски избори.

За Рамасвами се прават проценки дека е иднината на Републиканската партија
и МАГА движењето, и најверојатно повторен кандидат за американски претседател
на изборите во 2028 година, што практично би значело „трет мандат на Доналд
Трамп“ иако тој повеќе нема да биде во Белата куќа по јануари 2028 година.

Во него се гледа како на политичар кој ќе го сочува наследството на Доналд
Трамп но, и ќе ги продолжи и надгради политиките кои го хранат МАГА движењето,
се до целосно спроведување на агендата за американски изолационизам, протекција
на домашната економија и индустрија, справување со Кина како најголема закана
за американската доминација и заштита на конзервативните вредност: семејство, традиција, држава.

Во позадина на Рамасвами, Маск и многу други милијардери кои овојпат
застанаа зад Доналд Трамп, секако е и економски интерес, односно политика на
намалување на корпоративните ограничувања и регулативи, намалени даноци за
водење бизнис и поттикнување на приватните инвестиции во некогашните државни
домени како здравство, енергетика и вселенски науки.

Рамасвами е дел од генерацијата Американци со индиско потекло кои досега
доминираа во Силиконската долина како главни извршни директори, и сега се на
пат да станат дел од политичката елита на САД, па така може наскоро Америка да
го добие и првиот претседател со индиско потекло, нешто што не и успеа на
демократската кандидатка Камала Харис. 

Х.С.

Фото: ЕПА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОВА Е ФАРСА, КОСКИТЕ НА САМУИЛ СЕ ОДНЕСЕНИ ВО СОФИЈА

04/10/2026
Македонија

НА ПОВИДОК ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЗА ТРАМПАТА ЗА КОСКИТЕ НА ЦАР

04/10/2026
Македонија

ЈОТОВА НЕ ОДГОВОРИ ДИРЕКТНО ДАЛИ ЌЕ ИМА СРЕДБА МУЦУНСКИ-ПЕТРОВА Бугарија

04/10/2026
Македонија

НЕ КУПУВАЈТЕ ОГРЕВНИ ДРВА ОД ДРВОКРАДЦИ! Така го поттикнувате пустошењето

04/10/2026
Македонија

ЗНАМ ГИ ПОДДРЖУВА РАЗГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Димитриевски вели дека притоа

04/10/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ПРЕИСПИТУВА СКРИНИНГ- ПРОГРАМАТА ЗА РАК НА ДОЈКА Клековски

04/10/2026
Македонија

ИСПИЈАНИЛЕ ДЕТЕ ВО КАФУЛЕ ВО КИЧЕВО, ПО ШТО ТОА ЗАВРШИ

04/10/2026
Македонија

ГОРАТ ПАСИШТА НА ШАР ПЛАНИНА Одговорите убедуваат дека пожарот е

04/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45974
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОВА Е ФАРСА, КОСКИТЕ НА САМУИЛ СЕ ОДНЕСЕНИ ВО СОФИЈА УШТЕ ВО 1943 ГОДИНА! Македонски

04/10/2026

Посмртните останки на цар Самуил најверојатно се донесени во Софија уште во 1943-44 година, а овие што сега Грција и

НА ПОВИДОК ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЗА ТРАМПАТА ЗА КОСКИТЕ НА ЦАР САМУИЛ Бугарија на Грција ѝ

04/10/2026

Меѓу 53-те црковни предмети што Бугарија ѝ ги предаде на Грција во договорот за останките што му се припишуваат на

ЈОТОВА НЕ ОДГОВОРИ ДИРЕКТНО ДАЛИ ЌЕ ИМА СРЕДБА МУЦУНСКИ-ПЕТРОВА Бугарија била отворена за разговор, „но

04/10/2026

Вршителката на должноста претседателка на Бугарија, Илијана Јотова, изјави дека Софија „останува отворена за разговори со Северна Македонија“, но порача

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy