Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Која е велешанката Јорданова чија понуда во РЕК Битола не се одбива? За два тендери ќе наплати до 4,64 милиони евра!
Економија

Која е велешанката Јорданова чија понуда во РЕК Битола не се одбива? За два тендери ќе наплати до 4,64 милиони евра!

04/12/2023

AA

Има ли Велешанката Маја Јорданова, сопственичка на скопска фирма за трговија на мало со весници и канцелариски материјал „тајната формула“ за добивање тендери во РЕК Битола? На два тендери дава понуди, прво за продажба на адитиви против замастување, а сега и на антифриз. На двата тендера нема други понудувачи. РЕК Битола ги прифаќа единствените добиени понуди и се обврзува по двата тендери да плати најмногу до 4,64 милиони евра во рамковните спогодби. Фирмата што ги добива тендерите освен што е регистрирана за сосема друга дејност, нема податок за вработени лица, а лани имала вкупен приход од само 350.000 евра…

Најголемиот домашен производител на струја ќе набави антифриз (адитив за превенција од замрзнување и топење на мразот) за да се заштити од проблеми во претстојната зима. РЕК Битола на тендер со само еден понудувач ќе си плати до 441.000 евра за да набави до 100 тони антифриз од финско производство.

Станува збор за рамковна спогодба која РЕК Битола ја склучи со скопската фирма Браинкоде ДООЕЛ за набавка на адитив против замрзнување од финскиот производител „Кемион“.
Деталите за тендерскиот договор се на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/1ecf0d56-0e3f-4d14-aaf4-1f1971b8edfa

А на оваа веб локација е спецификацијата за адитивот (н.з. антифризот) за кој „Браинкоде“ на РЕК Битола ќе му наплати до 441.000 евра за 100 тони течност https://www.kemion.fi/pdf/Eco-Melter%20eng.pdf

Ова е втор тендер на Браинкоде ДООЕЛ за период од неполни два месеци.

Колкав тендер доби фирмата за весници во РЕК Битола пред 2 месеци?

Уште еден милионски тендер со само еден понудувач во портфолиото на најголемиот државен производител на струја РЕК Битола. Крај на октомври годинава. Битолската филијала на ЕСМ склучи договор со фирма регистрирана за трговија на мало со весници и канцелариски прибор. Од нив ќе купи адитиви кои треба да го намалат замастувањето односно да го намалат формирањето на згура која е дериват при согорувањето јаглен за правење на електрична енергија.

Адитивот ќе го набави Браинкоде фирма регистрирана во општина Ѓорче Петров е од италијанскиот производител AQUAFLEX S.R.I, а неговата специјализација во областа на чистење разладни кули е достапна на следниот линк http://www.acquaflex.com/index.php/en/product-service/water/cooling-tower-evaporative-condenser

Инаку многу е интересна „крвната слика“ односно финансиското работење на „Браинкоде“ за минатата година. Фирмата која е сопственост на велешката Маја Јорданова е регистрирана со основачки влог од 5.000 евра и нема податок за број на вработени што наведува на заклучок дека ова друштво и нема вработени лица.

Фирмата која ќе набавува адитиви за намалена згура при согорување јаглен е регистрирана за трговија на мало со весници и канцелариски материјали и постои од 2017 година.

И сега е најитересниот дел: фирма што лани имала вкупен приход помал од 350.000 евра во еден деловен зафат добива бизнис вреден 4,2 милиони евра!!!

Повеќе детали на следниот линк За какво чистење РЕК Битола ќе плати 4,2 милиони евра?

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026
Македонија

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош

13/08/2026
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45002
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026

Во шумата над селото Габер пожарот е проширен, но ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош од државата

13/08/2026

И покрај напорите за санирање на вчерашниот пожар, депонијата „Краста“ во Куманово сè уште не е целосно изгасната и продолжува

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе биде в петок

13/08/2026

Попладнево по вестите во 16 часот, Телевизија Алсат на социјалниет мрежи и веб страницата објави дека пронајден бил мртов оперативниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy