Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШТО СЕ СЛУЧУВА СО „ЦРНОТО ЗЛАТО“: Цените на нафтата паднаа за околу 2 отсто минатата недела
Економија

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО „ЦРНОТО ЗЛАТО“: Цените на нафтата паднаа за околу 2 отсто минатата недела

04/12/2023

AA

На глобалните пазари, цените на нафтата паднаа за околу 2 отсто минатата недела, бидејќи трговците се скептични за намалувањето на производството на ОПЕК и поради слабите економии, можен е дополнителен пад на побарувачката.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,1 отсто, на 78,88 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,9 отсто, на 74,07 долари.

Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници одлучија да го намалат производството во првиот квартал од следната година за приближно 700.000 барели дневно.

ОПЕК+ произведува повеќе од 40 отсто од светската нафта и веќе долго време го намалува производството за да ги поддржи цените, кои паднаа од речиси 100 на околу 80 долари за барел поради слабеењето на економиите, а со тоа и побарувачката за нафта.

Првично оваа одлука на ОПЕК го поддржа поскапувањето на нафтата, но набрзо тие паднаа бидејќи трговците се скептични, со оглед дека производителите доброволно ќе го намалат производството и нема да има контроли.

Аналитичарите, пак, очекуваа дека намалувањето на производството ќе биде поголемо и дека ќе инсистираат на почитување на договорените квоти.

Одлуката „нема да ја смири конфузијата на пазарот на нафта, за која ќе бидат потребни недели и месеци за да се дознае како стојат работите, а под услов извештаите што самите производители ќе ги состават да бидат навистина веродостојни“, објаснува аналитичарот на PVM, Џон Еванс.

Тоа ја ослабува светската економија

Под притисок се и цените на нафтата поради натамошното слабеење на најголемите светски економии.

Податоците од глобалната индустрија, исто така, покажаа слабост во ноември поради намалената побарувачка. Индустриската активност во еврозоната повторно се намали, објави S&P Global, а ниту кинеската економија, најголемиот увозник на нафта во светот, не е во најдобра форма.

Цените во моментов се поддржани само од верувањето на трговците дека централните банки на западните земји го завршија циклусот на зголемување на каматните стапки, со оглед на тоа што инфлацијата се намалува.

Но, економиите најверојатно ќе стагнираат или ослабуваат во наредните месеци, а ќе поминат месеци пред централните банки да почнат да ги намалуваат каматните стапки и на тој начин да го поддржат закрепнувањето на економиите.

По минатонеделниот пад, цената на барелот на лондонскиот пазар е во минус во однос на почетокот на годината за повеќе од 8 отсто, а на американскиот пазар за повеќе од 7,5 отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ИСТОРИЈАТА НА ИСТОРИЧАРИТЕ, МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ Царот Симеон со

17/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ЕВРОПСКА ИДНИНА, ЗАСНОВАНА НА ПРИНЦИПИЕЛНИ ОДНОСИ Мицкоски на

17/11/2026
Македонија

„ГАСТРО“, „ДИГЕСТИВНА“ И „ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА“ ДОБИЈА НОВИ ДИРЕКТОРИ Министерот Клековски

17/11/2026
Македонија

МЕЛБУРН ИМ СЕ ИЗВИНИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ЗАБРАНАТА ДА ГО

17/11/2026
Македонија

ШТО НОСАТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОЗИЛА ПРЕДЛОЖЕНИ ОД ВЛАДАТА

17/11/2026
Македонија

ПАЛАНЧАНЕЦ УАПСЕН ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Ја тепал својата 20-годишна ќерка

17/11/2026
Македонија

САД ПРЕДУПРЕДИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИ ЗАКАНИ КОН БУГАРИЈА За Македонија ризикот

17/11/2026
Македонија

НА 27 НОЕМВРИ КОРАБОСКИ ЌЕ СЕДНЕ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА Обвинет

17/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46816
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ИСТОРИЈАТА НА ИСТОРИЧАРИТЕ, МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ Царот Симеон со порака од Брисел

17/11/2026

Поранешниот бугарски цар и премиер Симеон Сакскобурготски порача дека многу од историските теми треба да им се препуштат на историчарите,

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ЕВРОПСКА ИДНИНА, ЗАСНОВАНА НА ПРИНЦИПИЕЛНИ ОДНОСИ Мицкоски на форум за проширувањето на ЕУ

17/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната посета на Брисел, учествуваше на Форумот за проширување на Европската Унија, посветен на

„ГАСТРО“, „ДИГЕСТИВНА“ И „ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА“ ДОБИЈА НОВИ ДИРЕКТОРИ Министерот Клековски очекува одговорно и стабилно работење

17/11/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ги прими новоименуваните директори на три јавни здравствени установи — Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy