Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот
Економија

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

26/07/2024

AA

Цената на парното греење која ќе ја плаќаат корисниците во Скопје во новата грејна сезона, најверојатно, ќе се знае веќе в понеделник, кога ќе одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на седница, а ценовникот ќе важи од 1 август, објави Вечер прес.

Според непотврдени информации, поголемиот дел од компаниите, според нивните пресметки за оперативните трошоци, побарале зголемување на цената на услугата и до 50 %, додека дел од нив, како „ЕСМ Производство“ и „ЕСМ Енергетика“ се со барање за намалување.

Цената на парното греење во најголем дел ја креира енергенсот со кој се произведува топлинската енергија, а тоа е гасот чија просечна цена годинава, споредено со претходната година, е значително пониска. Како што претходно најавија од РКЕ, државните субвенции од оваа грејна сезона нема да ги има. Во овој момент, корисниците на парното греење имаат субвенционирана цена за околу 20 отсто.

Регулаторната комисија за енергетика од март годинава ја намали цената за парното греење за 35 проценти за сите деловни корисници во Градот Скопје. А, како што образложи тогаш претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, тоа се должи на намалувањето на цената на природниот гас на берзите, како и на фактот дека немаше од државните субвенции за овие корисници.

Граѓаните сега очекуваат РКЕ да донесе таква или слична одлука и за околу 65 илјади домаќинства. Последниот збор ќе го има регулаторот.

Вечер прес

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Големото враќање на Месечината – НАСА и Маск во трка

14/04/2026
Македонија

🎥 ФИЛИПЧЕ ПРЕТЕРА СО НАПАДИ ВРЗ МЕДИУМИ, НА УДАР ТЕЛЕВИЗИЈА

14/04/2026
Македонија

Мајката на Васил сведочеше: Таткото не му дозволувал да вози

14/04/2026
Македонија

Министерство за правда: Утре ќе ги побараме сите списи од

14/04/2026
Македонија

Изминатиот продолжен викенд 1303 сообраќајни прекршоци – приведени 57 лица!

14/04/2026
Македонија

Вчера приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило – петмина

14/04/2026
Македонија

Минимален раст на цените, трговците ја намалиле маржата

14/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ЧЕТИРИ СЛУЧАИ Две лица приведени во Велес

14/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42466
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Големото враќање на Месечината – НАСА и Маск во трка

14/04/2026

Вселената никогаш не била поблиску – а конкуренцијата никогаш пожестока. Во вечерашното издание, зборуваме за најновата мисија на НАСА и

🎥 ФИЛИПЧЕ ПРЕТЕРА СО НАПАДИ ВРЗ МЕДИУМИ, НА УДАР ТЕЛЕВИЗИЈА АЛФА Новинари бараат да реагира

14/04/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска влезе во директен судир со некои медиуми поради нивната уредувачка политика и сопственичка структура,

Мајката на Васил сведочеше: Таткото не му дозволувал да вози без дозвола

14/04/2026

Со сведочење на сопругата Ана Јованова, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против Зоран Јованов, татко на Васил

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy