Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 🎥 ФИЛИПЧЕ ПРЕТЕРА СО НАПАДИ ВРЗ МЕДИУМИ, НА УДАР ТЕЛЕВИЗИЈА АЛФА Новинари бараат да реагира јавниот обвинител
Македонија

🎥 ФИЛИПЧЕ ПРЕТЕРА СО НАПАДИ ВРЗ МЕДИУМИ, НА УДАР ТЕЛЕВИЗИЈА АЛФА Новинари бараат да реагира јавниот обвинител

14/04/2026

AA

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска влезе во директен судир со некои медиуми поради нивната уредувачка политика и сопственичка структура, тврдејќи дека нивното дејствување е директно поврзано со политички центри во Унгарија и интересите на ВМРО-ДПМНЕ.

Одговарајќи на новинарско прашање за етикетирање на медиумите, Филипче истакна дека паниката кај одредени куќи доаѓа по промената на власта во Унгарија и најавите на новиот унгарски премиер за испитување на бизнис-релациите на Виктор Орбан во регионот.

– Вие сте од Алфа телевизија и малку паника ве фаќа сега кога газдата изгуби власт. Сега се прашувате кој ќе ве финансира за вашите црни кампањи, за вашите лажни кампањи, за вашите кампањи со кои го нарушувате угледот на членови на опозицијата и на мене лично и за тоа прашање ќе се обратите кај Христијан Мицкоски – рече Филипче на денешната прес-конференција.

Македонската асоцијација на новинарите (МАН) со соопштение го повика Јавното обвинителство веднаш и неодложно да преземе мерки против Венко Филипче за закани и напади кон службено лице, казниви според член 382 од Кривичниот законик.

„Поради континуирани сериозни закани, навреди, клевети, политички притисок, загрозување на слободата на говорот и создавање непријателска атмосфера, заклучно и потенцирано со денешниот прес на Венко Филипче, претседател на СДСМ, кон сите професионални медиуми што не се под контрола на СДСМ, особено кон телевизијата „Алфа“, Македонската асоцијација на новинарите (МАН) го повикува Јавното обвинителство веднаш и неодложно да преземе мерки против Венко Филипче, претседател на СДСМ, за закани и напади кон службено лице, односно спречување службено лице во вршење службено дејство од член 382-б од Кривичниот законик“ – пишува во денешното соопштение на МАН.

„Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш и недложно да ги заштити медиумските работници кои се под континуирани сериозни закани од СДСМ, нивните функционери и претседателот на партијата Венко Филипче. Во согласност со Кривичниот закон, член 382 и 383, заканите кон новинар, снимател или друг медиумски работник кој врши професионална задача се третира како напад врз службено лице.

Ја повикуваме Агенцијата за аудиовизуелните медиумски услуги да застане во заштита на професионалните медиуми. Истовремено, известуваме дека МАН веќе е во комуникација и со Европската и со Светската федерација на новинарите за прогонот што СДСМ го прави против професионалните медиуми.

Во континуитет, 20 години партијата СДСМ прогонува, напаѓа, тепа, им се заканува на новинари и на медиуми што не се под нивна контрола. Тоа се случува во мандат на последните 3 претседатели: Венко Филипче, Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

Кривичната одговорност на Венко Филипче е јасна и недвосмислена. Политичката одговорност на Венко Филипче, претседател на партијата СДСМ, е исто така очигледна.

Унгарија е членка на ЕУ и НАТО и како таква е неоспорна и неоспорена. И заедно со Словенија и Хрватска е најсилен поддржувач од земјите на ЕУ за наше членство во Унијата.

Тоа што Венко Филипче и во овој прес ги брани интересите на Бугарија и врши притисок врз новинари и врз партијата ВМРО-ДПМНЕ и тие да бидат во функција на бугарското вето е негова политичка одговорност и цена што СДСМ скапо ја плаќа на избори – вели во соопштение Македонска асоцијација на новинари (МАН).

 

НЕДОЗВОЛИВО ТАРГЕТИРАЊЕ МЕДИУМИ И НОВИНАРИ Новинарските здруженија со остра реакција на пресот на Филипче

 

 

 

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗОТ СКОПЈЕ – ПРИШТИНА МОЖЕ ДА ТРГНЕ ВО 2027 ГОДИНА

08/10/2026
Македонија

КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА ВО СОФИЈА, НО БЕЗ ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ПОЗИЦИИТЕ Муцунски

08/10/2026
Македонија

ЗАТВОРЕНА ПРЕДИСТРАГАТА ЗА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ Нема докази

08/10/2026
Македонија

12 КИЛОМЕТРИ ОД АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ ВГОДИНА Наместо

08/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИЈА СМЕТА ДЕКА КРИВИЧЕН НЕ ГИ ЦЕНЕЛ ДОВОЛНО ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ

08/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИСКИОТ СУД НА 10 ДЕКЕМВРИ ПОВТОРНО ЌЕ ГО РАЗГЛЕДУВА ПРЕДМЕТОТ

08/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ БАРА ДА НЀ ОЦЕНУВААТ ПО ЗАСЛУГИ Кос порача Скопје

08/10/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВЛЕГУВА ВО УЧИЛИШТАТА Десет наставници ќе ги обучуваат

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46061
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗОТ СКОПЈЕ – ПРИШТИНА МОЖЕ ДА ТРГНЕ ВО 2027 ГОДИНА Патувањето ќе трае 50 минути

08/10/2026

Железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина би можело да профункционира до крајот на 2027 година, а патувањето со воз меѓу

КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА ВО СОФИЈА, НО БЕЗ ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ПОЗИЦИИТЕ Муцунски повтори дека прашањата за идентитетот

08/10/2026

На маргините на Меѓународната конференција за Коридорот VIII, што денеска се одржа во Софија, министерот за надворешни работи и надворешна

ЗАТВОРЕНА ПРЕДИСТРАГАТА ЗА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ Нема докази за упад или прибирање класифицирани

08/10/2026

Основното јавно обвинтелство соопшти дека не утврдило елементи на кривично дело во случајот со сомневањата за неовластен пристап до компјутерскиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy