Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мајката на Васил сведочеше: Таткото не му дозволувал да вози без дозвола
Македонија

Мајката на Васил сведочеше: Таткото не му дозволувал да вози без дозвола

14/04/2026

AA

Со сведочење на сопругата Ана Јованова, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој е осуден за тешката сообраќајна несреќа во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Јованова пред судот изјави дека нејзиниот сопруг никогаш не му дозволил на нивниот син да управува возило без да има положено возачки испит. Таа нагласи дека Васил покажал интерес за возење откако го положил теоретскиот дел, но не успеал да го положи практичниот испит.

Според нејзиното сведочење, синот побарал да вежба со семејниот автомобил, но таткото бил категорично против и инсистирал обуката да се одвива исклучиво со инструктор.

Судењето продолжува на 28 април, кога се предвидени сослушувања на уште четворица сведоци, додека во текот на мај треба да сведочи и Васил Јованов.

Процесот против Зоран Јованов започна во јуни 2025 година. Тој се товари за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејство или средства“, поради тоа што во јануари 2025 година неговиот син, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удрил во Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“, при што таа починала на местото на несреќата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy