Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клиника Жан Митрев се залага за еднакво бубрежно здравје за сите
Македонија

Клиника Жан Митрев се залага за еднакво бубрежно здравје за сите

14/03/2024

AA

Клиника Жан Митрев се приклучува на глобалната кампања за подигање на свеста за важноста и грижата за бубрежно здравје и за рамноправен пристап до нега и оптимално медицинско лекување на бубрежно болните, со намалени цени за нефролошки преглед во текот на месец март. Нефролошките прегледи ќе ги изведува д-р Катерина Ристоска, специјалист по нефрологија, а заинтересираните треба само да закажат термин за преглед на телефонскиот број 02 3091-484.

За сериозноста на бубрежната болест укажуваат и статистиките дека секој десетти возрасен во светот има одреден степен на бубрежна слабост. Во нашата држава, секоја година околу 400 нови пациенти започнуваат лекување со хронична дијализа, која што претставува доживотен третман.

Хроничната бубрежна болест може да се развие на која било возраст, но е почеста со зголемувањето на возраста. Дијабетесот и високиот крвен притисок се најчести причинители на бубрежни заболувања.  Во раните стадиуми на хронична бубрежна болест нема никакви симптоми и знаци. Може да е загубена и повеќе од 90% од бубрежната функција без да се почувствуваат какви било симптоми.

Најновите откритија во терапевтскиот пристап нудат огромни можности за спречување, одложување на болеста и ублажување на компликациите. Новите терапии и терапевтски пристапи би требале да бидат подеднакво достапни за сите пациенти, но недоволната свест за хроничната бубрежна болест, недоволното познавање и довербата во новите терапевтски можности и стратегии, како и недостигот на соодветен професионален кадар придонесуваат за појава на големи разлики во пристапот до лекување.

Она што треба да се направи за да се намали ризикот од развој на бубрежна болест е секако:

·         Да бидете активни и да вежбате;

·         Да јадете здрава храна, да ја контролирате телесната тежина;

·         Редовно да го проверувате и контролирате шеќерот во крвта;

·         Барем еднаш годишно да го проверувате нивото на протеини во урина;

·         Редовно да го проверувате и контролирате вашиот крвен притисок;

·         Да земате соодветен внес на течности;

·         Да прекинете со пушење;

·         Да не користите лекови без препорака на вашиот доктор;

Проверете ја вашата бубрежна функција ако имате еден или повеќе ризик фактори како што се дијабет, хипертензија, обезност или доколку имате семејна историја на бубрежна болест.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy