КАМИОН СЕ ИЗЛИЗГА И ГО ПОПРЕЧИ ПАТОТ КОН СВЕТИ НИКОЛЕ Сообраќајот е во прекин
Патниот правец пред кумановското село Скачковце, во насока кон Свети Николе, е затворен за сообраќај откако камион се излизгал на коловозот, најверојатно поради снежните услови.
На фотографијата што се споделува од местото се гледа камионот кој е попречен преку целиот пат, поради што сообраќајот е во прекин.
Засега нема официјални информации за причините за несреќата ниту дали има повредени лица.
.
Извор: plusinfo.mk