Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бојмацалиев: ЕВР Ѓорче Петров со 50% реализација на кривични дела по службена должност
Македонија

Бојмацалиев: ЕВР Ѓорче Петров со 50% реализација на кривични дела по службена должност

14/03/2024

AA

Денеска (14.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев оствари работна средба со раководството на Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при Секторот за внатрешни работи Скопје, во рамки на серијата посети на организационите единици при МВР на територијата на целата државата, со цел согледување на сработеното и маркирање на идните активности.

Полициската станица во Ѓорче Петров е дел од планот за квалитативно унапредување на работните услови на вработените, како нова градба која беше пуштена во употреба кон крајот на 2017 година од поранешниот министер Спасовски, со што значително беа подобрени работните услови на вработените. Во рамки на планот за материјално-техничко подобрување на условите и средствата за работа се и 80-те комплетно реконструирани полициски објекти низ државата, а во тек е целосна реконструкција на Центарот за обука во Идризово и Управните служби во МТВ, како и нова градба на полициска станица во Аеродром. Воедно, пред околу три месеци беа промовирани 20 комбиња наменети за СВР Скопје, од кои дел беа предадени на ЕВР Ѓорче Петров, во насока на модернизирање на опремата на полицијата на ова подрачје.

Од страна на раководството на ЕВР Ѓорче Петров, Бојмацалиев беше брифиран за поволната безбедносна состојба на подрачјето во надлежност на оваа организациска единица, како и за резултатите во изминатите два месеци од 2024 година.

„На подрачјето на ЕВР Ѓорче Петров во текот на јануари и февруари 2024 година евидентирани се 103 кривични дела по службена должност или 15% од евидентираните кривични дела по службена должност на СВР Скопје. По структурата на криминалитетот, најголем дел се за тешка кражба, загрозување на безбедноста на сообраќајот, како и измами и разбојништва”, рече Бојмацалиев. Притоа, тој информираше за реализацијата на кривичните дела.

„За овие два месеца реализирани се вкупно 48 кривични дела, против 35 сторители, за што се поднесени 43 кривични пријави, или тоа значи 50% реализација на кривичните дела”, рече Бојмацалиев, со уверување дека вработените во оваа организациска единица ќе продолжат со засилено темпо во расветлувањето на кривичните дела.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (3) Македонија е

02/10/2026
Македонија

ДЕКО ПОНУДИЛ ПЛЕВНИ И ШУПИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ИЗВРШУВАЊЕ

02/10/2026
Македонија

МАКЕДОНЕЦОТ ФРЛА ПО 86 КИЛОГРАМИ ХРАНА ГОДИШНО Тоа е за

02/10/2026
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45931
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (3) Македонија е колепка на Самуиловата држава!

02/10/2026

Со оглед дека епитафот без сомнение претставува директна потврда дека Василиј II сакал вечно да биде запаметен како победник над

ДЕКО ПОНУДИЛ ПЛЕВНИ И ШУПИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ИЗВРШУВАЊЕ И НЕ ВРЕДАТ 200.000 ЕВРА

02/10/2026

Јавното обвинителство достави негативно мислење до Кривичниот суд за гаранцијата што ја понуди првообвинетиот за пожарот во „Пулс“, газдата на

МАКЕДОНЕЦОТ ФРЛА ПО 86 КИЛОГРАМИ ХРАНА ГОДИШНО Тоа е за 17 кг повеќе од просекот

02/10/2026

Македонските домаќинства во просек фрлаат по 86 килограми храна годишно по жител, што е за 17 килограми повеќе од просекот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy