Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клековски: Го решаваме проблемот со недостигот од човечки ресурси во болниците
Македонија

Клековски: Го решаваме проблемот со недостигот од човечки ресурси во болниците

08/05/2025

AA

Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување, посакувајќи успех на 34 специјализанти, кои денеска во Битола полагаа тест за вработување во Клиничка болница-Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево, изјави дека се решава проблемот со недостигот од човечки ресурси во болниците.

Според Клековски, со денешната активност на долг рок се очекува покривање на специјалност кои недостигаат во здравствените установи во југозападниот регион на државата.

-Денешната активност е почеток и придонес за решавање на недостигот од човечки ресурси во болниците во овој дел од земјата и се надеваме дека ќе продолжиме со следната група специјализанти. Знаеме дека најголем дел од болниците во овој регион функционираат со намален број на лекари и ова е првиот чекор за решавање на проблемот. На долг рок очекуваме покривање на дел од специјалности кои ги нема затоа што во моментов нема доволно специјалисти. Со новите ресурси ќе се зголеми бројот во оддели каде што состојбата е критична во однос на потребни специјалисти за задржување на дејноста, истакна Клековски.

На прес конференција во Битола, проф. д-р Игор Николов, советник за здравство во Владата потврди дека вработувањето на млади специјализанти во здравствениот систем е државен императив.

-Вработување на приватните специјализанти е приоритет за нас. Со овие вработувања ние ги задржуваме младите лекари во земјава, но и во системот бидејќи нашата намера е да бидат задржани во јавното здравство и да работат во системот. На младите лекари, на младите здравствени работници е иднината на целиот здравствени систем. Без здрави млади здравствени работници, особено специјализанти кои што сакаат да се едуцираат и сами се финансираат, не можеме да градиме сериозен и планиран здравствен систем, истакна Николов.

Тестирањето на приватни специјализанти се одвиваше на Техничкиот факултет во Битола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026
Македонија

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар:

30/08/2026
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45334
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026

Чадот кој е видлив од Скопје на планината Водно е од запален двокатен автобус, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар: „Во прашање беа 20 секунди,

30/08/2026

Модната креаторка Ивана Кнез на социјалните мрежи откри дека нејзиниот дом за малку ќе бил зафатен од пожар кој се

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот

29/08/2026

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово. Постои можност невремето да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy