Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДВЕ ЛОКАЦИИ КАЈ „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО ИГРА ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР Во 3 града ќе се градат нови болници, првата градба во 2027 година
Македонија

ДВЕ ЛОКАЦИИ КАЈ „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО ИГРА ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР Во 3 града ќе се градат нови болници, првата градба во 2027 година

20/10/2026

AA

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијат а на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

Мицкоски ги соопшти плановите на настан по повод набавката на 100 нови амбулантни возила, посочувајќи дека една од можните локации за клиничкиот центар се наоѓа пред базенот што се реконструира, а другата зад тобоганот во истиот простор.

– Се наоѓаме тука некаде помеѓу двете парцели коишто ги разгледуваме и за коишто преговараме за новиот клинички центар. Едната е пред овој базен којшто го гледате овде лево од нас којшто, исто така, беше оставен на забот на времето па сега се реконструира. А другата е позади овој тобоган којшто го гледате. Тоа се двете парцели отприлика каде што би требало да биде и новиот клинички центар. Очекувам до крајот на оваа година и тие преговори да ги завршиме – рече Мицкоски.

Според премиерот, новиот комплекс треба да се поврзе со постојната болница „8 Септември“, ПЕТ-центарот и поликлиниката „Букурешт“. Владата и Општина Карпош работат и на обезбедување дополнителни паркинг-места, поради очекуваното зголемување на сообраќајот во околината.

Премиерот потврди и дека се надминати претходните разлики во ставовите со Министерството за здравство околу потребата од изградба на нов клинички центар. Министерството претходно оценило дека подобро решение е подобрување на организацијата на постојните болници и здравствени установи, наместо изградба на нов комплекс.

Паралелно со плановите за клиничкиот центар во Скопје, Мицкоски најави дека Владата ги привршува преговорите со меѓународните финансиски институции за изградба и обновување на 3 други здравствени објекти.

– Она коешто планираме во периодот којшто следи, а којшто веќе заедно со нашите партнери, финансиски институции го завршуваме во делот на здравството во преговорите, тоа се проектите коишто здружено Светска банка и Европската инвестициска банка ќе ги финансираат, а тоа е конечно Клиничкиот центар, односно клиничката болница во Штип, Здравствениот дом со проширена дејност Кичево и клиничката болница во Тетово – изјави премиерот.

Формалното одобрување на финансирањето се очекува до крајот на првиот квартал од следната година, по што би следувале тендерските постапки.

– Очекувам според последната мисија на Светска банка и Европската инвестициска банка, одобрување и формално да имаме некаде кон крајот на првиот квартал од следната година за финансирање на овие проекти. И ако биде сè како што треба, веднаш потоа да биде објавен и тендерот, и ако биде се како што треба, очекувам првиот проект од овие проекти да почне да се реализира некаде таму крајот на вториот, почетокот на третиот квартал од следната година – рече Мицкоски.

За клиничката болница во Штип, чија изградба беше започната пред повеќе години, премиерот посочи дека при обновувањето на проектот мора да се земе предвид развојот на медицинската технологија во наредните децении.

– Ние сме фокусирани при рестартирањето конкретно на проектот на клиничката болница во Штип за технологија којашто ќе биде апликативна во 2035-2040-тата година. Така што сето ова бара една правилна антиципација, работа со нашите стратешки партнери и ценам дека успеавме да дојдеме до некое решение коешто ќе значи додадена вредност во македонското здравство – изјави Мицкоски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ВЕЌЕ РОКОВИ ЗА БАРАЊА ЗА ОТКУП НА ДВОРНО МЕСТО

20/10/2026
Македонија

УТВРДЕНИ ПРЕКРШОЦИ ПРИ ЛЕКУВАЊЕТО НА ПРЕБЕГАНАТА МИХАИЛОВА Клековски најави стручна

20/10/2026
Македонија

ДВЕ ЛОКАЦИИ КАЈ „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО ИГРА ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ

20/10/2026
Македонија

📽️ 📷 НАБАВЕНИТЕ 100 НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА ВРЕДАТ 7,5 МИЛИОНИ

20/10/2026
Македонија

УСТНИОТ ДЕЛ ОД ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ СЕ ПОЛАГА ЕДИНСТВЕНО НА

20/10/2026
Македонија

ЌЕ БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ 33 СТАРИ УЧЕБНИЦИ Министерството за образование најавува

20/10/2026
Македонија

ВОЗЕЛА 142 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС КАДЕ ШТО Е 50 ДОЗВОЛЕНО

20/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛИТЕ БАРААТ УСТАВНИОТ СУД ИТНО ДА ОДЛУЧИ ЗА НИВНИТЕ ПЛАТИ

20/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46282
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ВЕЌЕ РОКОВИ ЗА БАРАЊА ЗА ОТКУП НА ДВОРНО МЕСТО Пет значајни измени на Законот

20/10/2026

Измените и дополнувањата на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост денеска го поминаа првиот филтер.

УТВРДЕНИ ПРЕКРШОЦИ ПРИ ЛЕКУВАЊЕТО НА ПРЕБЕГАНАТА МИХАИЛОВА Клековски најави стручна комисија за испитување на случајот

20/10/2026

Стручна комисија ќе го испитува медицинскиот аспект на лекувањето на Ива Михаилова, откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) констатирал

📽️ 📷 НАБАВЕНИТЕ 100 НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА ВРЕДАТ 7,5 МИЛИОНИ ЕВРА Опремени се со дефибрилатори,

20/10/2026

Сто нови, комплетно опремени амбулантни возила, во вредност од 460 милиони денари, се набавени за потребите на Итната медицинска помош

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy