Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 📽️ 📷 НАБАВЕНИТЕ 100 НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА ВРЕДАТ 7,5 МИЛИОНИ ЕВРА Опремени се со дефибрилатори, монитори и респираторна опрема
Македонија

📽️ 📷 НАБАВЕНИТЕ 100 НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА ВРЕДАТ 7,5 МИЛИОНИ ЕВРА Опремени се со дефибрилатори, монитори и респираторна опрема

20/10/2026

AA

Сто нови, комплетно опремени амбулантни возила, во вредност од 460 милиони денари, се набавени за потребите на Итната медицинска помош низ Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски најавија можност за набавка на уште 50 возила во 2027 година, а Министерството за здравство подготвува и реорганизација на службата за итна медицинска помош.

На настанот по повод набавката, Клековски истакна дека новите возила ќе заменат дел од дотраените амбулантни возила и ќе овозможат медицински третман уште за време на транспортот на пациентите.

– Зајакнувањето на службата за итна медицинска помош е еден од приоритетите на Владата и Министерството за здравство. Обезбедувањето 100 нови возила за итната помош, со кои се дополнува возниот парк и се заменуваат амортизираните возила, е значајна инвестиција во вредност од 460 милиони денари. Секое возило располага со комплетна современа медицинска опрема за интервенција, стабилизација и транспорт на пациенти – изјави Клековски.

Според податоците што ги изнесе министерот, планот е возниот парк на Итната медицинска помош да се зголеми од сегашните 140 на 200 возила. Разговорите за дополнителната набавка треба да започнат во наредниот период.

– Обновата на возниот парк продолжува. Планот е возниот парк на итната помош од сегашните 140 да се зголеми на 200 возила. Веќе почнуваме разговори за набавка на уште 50 нови возила во 2027 година. Паралелно, континуирано ги следиме кадровските потреби и критичните точки во мрежата на итната помош, за ресурсите да бидат насочени таму каде што се најпотребни – рече министерот.

Премиерот Мицкоски оцени дека новата опрема ќе им овозможи на медицинските екипи побрзо да стигнуваат до пациентите и попрецизно да интервенираат. Тој изрази надеж дека возилата ќе имаат што помалку интервенции, бидејќи тоа би значело и помал број итни медицински случаи.

– Јас би сакал уште еднаш да посакам да што помалку се користат овие возила. Се разбира, колку помалку се користат тоа значи дека ќе имаме толку помалку случаи коишто треба да се третираат со овие возила. Но, онаму каде што е потребно убеден сум дека со овие возила побргу ќе се стигнува и ќе се интервенира многу попрецизно имајќи ја предвид опремата којашто ја поседуваат овие нови возила, 100 на број – рече Мицкоски.

Фото: Влада

Дефибрилатори, монитори, респиратори, автоматски носилки

Новите амбулантни возила располагаат со напредни дефибрилатори и монитори, опрема за кислородна и респираторна поддршка на возрасни, деца и новороденчиња, како и автоматски носилки. Вграден е и хидрауличен систем за намалување на вибрациите при транспортот, а медицинскиот простор има независно греење, климатизација и систем за озонска дезинфекција.

Опремата овозможува следење на срцевата активност преку ЕКГ, мерење на пулсот и крвниот притисок, како и следење на состојбата на пациентот за време на транспортот.

Покрај обновувањето на возилата, Министерството најави и организациски промени. Во тек е процесот за издвојување на Итната медицинска помош во посебна служба, одделена од Здравствениот дом – Скопје. Предвидени се воведување парамедици во медицинските тимови, национален систем за тријажа и национален диспечерски центар со показатели за следење на ефикасноста на службата.

– Новите возила се важен чекор, но не се доволни сами по себе. Целта на реформите е секој граѓанин, без разлика каде живее, да добие навремена и еднаква итна медицинска грижа – порача Клековски.

Фото: Влада

„Не е сè решено, но ќе биде полесно“

Мицкоски, пак, призна дека набавката на возилата нема да ги реши сите проблеми во здравствениот систем, посочувајќи дека дел од нив се последица на долгогодишно запоставување.

 -Многу работи се запоставени, многу работи се уништени, многу работи се украдени, но она коешто е задача на оваа Влада е тоа што е уништено, тоа што е запоставено, тоа што е украдено да го надомести. Има уште многу проблеми за решавање, не е сè решено со овие 100 возила, се разбира можеби е помалку или повеќе олеснета состојбата, но не е сè решено – рече премиерот.

Тој се осврна и на долгогодишното запоставување на здравствената инфраструктура, посочувајќи дека обновувањето на старите проекти е дополнително отежнато поради застарената медицинска технологија.

– Низа проекти коишто со децении биле запоставувани или воопшто не се водело сметка, едниот за волја на вистината, отпочнат па заборавен, испокраден, уништен. И сега замислете вие кога ќе треба со проект којшто е започнат пред 15-20 години да го продолжите да го работите, а во суштина треба да размислувате што ќе се случува од денеска за 10-15 години во здравството. Значи, таа технологија којашто била пред 10-15 години, е сега веќе застарена, а замислете каква технологија треба да антиципирате што ќе се развива во следните 10-15 години – рече Мицкоски.

Премиерот им се заблагодари на здравствените работници и лекарите, истакнувајќи дека тие неретко работат во исклучително тешки услови и вложуваат натчовечки напори за да ги извршат своите задачи. Благодарност упати и до министерот за здравство, вработените во Министерството и пратениците за нивниот придонес во реализацијата на набавката.

На крајот од обраќањето, Мицкоски повторно ја спомена можноста здравствениот систем следната година да добие дополнителни 50 амбулантни возила.

– Битно е дека имаме 100 нови амбулантни возила, нешто што би рекол одамна не е направено за здравствениот систем во Македонија и се надевам за нови 50, Сашо нели за тоа што зборувавме, ако биде сè како што треба, би требало уште нови 50 да добиеме, веќе следната година. Но, за тоа потоа, ајде еве прво да ја изработиме и таа работа, па потоа и за тоа да се пофалиме – рече Мицкоски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УТВРДЕНИ ПРЕКРШОЦИ ПРИ ЛЕКУВАЊЕТО НА ПРЕБЕГАНАТА МИХАИЛОВА Клековски најави стручна

20/10/2026
Македонија

ДВЕ ЛОКАЦИИ КАЈ „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО ИГРА ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ

20/10/2026
Македонија

📽️ 📷 НАБАВЕНИТЕ 100 НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА ВРЕДАТ 7,5 МИЛИОНИ

20/10/2026
Македонија

УСТНИОТ ДЕЛ ОД ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ СЕ ПОЛАГА ЕДИНСТВЕНО НА

20/10/2026
Македонија

ЌЕ БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ 33 СТАРИ УЧЕБНИЦИ Министерството за образование најавува

20/10/2026
Македонија

ВОЗЕЛА 142 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС КАДЕ ШТО Е 50 ДОЗВОЛЕНО

20/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛИТЕ БАРААТ УСТАВНИОТ СУД ИТНО ДА ОДЛУЧИ ЗА НИВНИТЕ ПЛАТИ

20/10/2026
Македонија

📽️ ЗЛАТЕН НАКИТ ВРЕДЕН 65.000 ЕВРА СКРИЕН ВО ПЕРНИЦА ЗА

20/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46281
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УТВРДЕНИ ПРЕКРШОЦИ ПРИ ЛЕКУВАЊЕТО НА ПРЕБЕГАНАТА МИХАИЛОВА Клековски најави стручна комисија за испитување на случајот

20/10/2026

Стручна комисија ќе го испитува медицинскиот аспект на лекувањето на Ива Михаилова, откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) констатирал

ДВЕ ЛОКАЦИИ КАЈ „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО ИГРА ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР Во 3 града ќе

20/10/2026

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите

УСТНИОТ ДЕЛ ОД ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ СЕ ПОЛАГА ЕДИНСТВЕНО НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Владата има јасен

20/10/2026

Устниот дел од правосудниот испит ќе се полага единствено на македонски јазик, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. – Ставот на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy