Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Касами: Соработка со ДУИ и Али Ахмети и останување во Влада и во ВРЕДИ не може!
Македонија

Касами: Соработка со ДУИ и Али Ахмети и останување во Влада и во ВРЕДИ не може!

08/05/2025

AA

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, одговорајќи на прашања од новинарите за средбата на претставници на коалицијата „Вреди“ со премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има место во Владата за политички партии кои досега биле дел од коалицијата ВРЕДИ, но се ободуваат да соработуваат со ДУИ.

Касами нагласи дека овој нивен став е ист од почетокот на функционирањето на Владата и е во насока на справување со корупцијата на претходната извршна власт.

– Соработка со ДУИ и Али Ахмети и останување во Влада и во ВРЕДИ не може, а тоа го го дадовме јасно како порака и до премиерот и се договоривме, се согласивме дека во оваа фаза кога оваа Влада работи во делот на справување со корупцијата на претходните влади и на елементи од оваа Влада не можеме да прифатиме да има членови во Владата кои соработуваат со вакви елементи. Сигурно дека во следните денови ќе има и конкретни чекори во овој правец, рече Касами.

Според Касами, има членови на Алијанса за Албанците кои не се согласуваат со ставовите на претседателот Арбен Таравари.

– За нас Алијансата на Албанците (АА) е важен фактор на партијата ВРЕДИ и затоа работиме и се молиме Алијанса да остане во Вреди, но сигурно без елементи, чинители за кои имаат докази и веќе јавно нели прифаќаат дека соработувале со ДУИ и со Али Ахмети. Веќе има многу гласови во рамките на Алијанса кои не се согласуваат со нивниот претседател, кој јавно кажува дека во одредени општини се подготвени да соработуваат и со ДУИ, изјави Касами.

Тој рече дека многу луѓе од АА се изјасниле дека ќе работат во насока на борбата против корупција и затоа се надева деја ќе бидат дел од партијата Вреди и Владата. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026
Македонија

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар:

30/08/2026
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45334
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026

Чадот кој е видлив од Скопје на планината Водно е од запален двокатен автобус, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар: „Во прашање беа 20 секунди,

30/08/2026

Модната креаторка Ивана Кнез на социјалните мрежи откри дека нејзиниот дом за малку ќе бил зафатен од пожар кој се

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот

29/08/2026

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово. Постои можност невремето да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy