Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кинески милијардер продава на аукција сперма на невакцинирани мажи
Македонија

Кинески милијардер продава на аукција сперма на невакцинирани мажи

01/04/2023

AA

Кинески милијардер во егзил, близок до мрежите на Трамп, организира онлајн аукции на „невакцинирана сперма“, која антиваксерите ја претставуваат како „идниот биткоин“.

Идејата дека спермата од мажи кои не примиле вакцина против Ковид-19 наскоро ќе биде многу барана, произлегува од теориите на заговор кои тврдат дека вакцините предизвикуваат масовна стерилност.

Гуо Венгуи, чијшто егзил во Соединетите Држави беше прекинат со неговото апсење во средината на март за наводна измама, планира да ги организира овие аукции во јуни на конзервативната социјална мрежа Гетр.

Овој кинески тајкун е близок со поранешниот советник на Доналд Трамп, Стив Банон.

Овој нов тип на аукција ќе ја вклучи и неговата сперма, рече тој.

„Спермата како иден биткоин“

Но, апсењето може да ги наруши неговите планови. Тајкунот е обвинет дека организирал разработена измама за да изнуди повеќе од 1 милијарда долари од илјадници луѓе кои го следат на интернет.

Без разлика дали овие аукции ќе се одржат или не, тие веќе предизвикаа возбуда на Гетра, а обожавателите на милијардерот гледаат на тоа како можност да се „спаси иднината на човештвото“ или да се тврди дека спермата од невакцинирани мажи е „иднината на биткоинот“.

„Овие аукции се засноваат, општо земено, на лажни аргументи дека вакцините против Ковид и наштетиле на плодноста“, рече Џон Грегори од NewsGuard за АФП.

„Писателите на дезинформации за вакцини го пропагираат ова тврдење, и покрај бројните медицински студии кои покажуваат дека вакцините не влијаат негативно на машката или женската плодност.

Гуо Венгуи не појасни како ќе се тестира спермата, но вети „научни“ методи, како и писмо од адвокат кој потврдува дека донаторот е невакциниран.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy