Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Клиника Жан Митрев успешно опериран 31-от пациент со вградена механичка циркулаторна потпора на срцето
Македонија

Во Клиника Жан Митрев успешно опериран 31-от пациент со вградена механичка циркулаторна потпора на срцето

01/04/2023

AA

Докторскиот тим предводен од д-р Жан Митрев успешно го спроведоа
оперативниот зафат познат и како ,,механичко срце“ за решавање на
левокоморна хронична срцева слабост. Кај пациентот со терминална коронарна
болест каде заради долгогодишно лекување имаше голема слабост на срцевиот
мускул беше вградено таканаречено „механичко срце“, при што беше ставена
специјална пумпа што останува во организмот на пациентот и ја заменува
работата на срцето. Пациентот после ваквиот оперативен зафат се чувствува
добро и следи постоперативно заздравување.

„Оваа операција е потребна за пациентите кои се соочуваат со срцева слабост
што е долгoтрајна состојба која се влошува со текот на времето. Настанува
кога срцевиот мускул е ослабен и не е во состојба да испумпа доволна
количина крв потребна да ги задоволи барањата на телото за нормално
функционирање. Честа е и кај помлади пациенти, но со овој метод и овој
оперативен зафат тие може да продолжат да живеат. Заради зачестеноста на
ова заболување, оперативниот зафат со вградена механичка циркулаторна
потпора на срцето е често практикуван метод и засега е единствено
долгорочно решение што овозможува продолжување на животот за тешко болните
пациенти“, истакна д-р Митрев.

Овој оперативен зафат е еден од покомплексните. Во Клиниката Жан Митрев се
спроведува веќе 6 години, при што досега се направени 31 вакви интервенции.

Срцевата слабост може да биде акутно настаната и таа вообичаено се
повлекува после адекватен и навремен третман, но може да помине во хронична
или пак да заврши фатално. Доколку срцевата слабост не се препознае,
дијагностицира и третира адекватно, води кон трајно оштетување на
срцето, лош квалитет на живот и чести болнички лекувања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026

Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој сам се придвижил

13/08/2026

На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy