Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Казахстан може да започне со изградба на втора и трета нуклеарна централа
Македонија

Казахстан може да започне со изградба на втора и трета нуклеарна централа

03/01/2025

AA

Претседателот на Казахстан Касам-Жомарт Токаев изјави во интервју за „Ана Тили“ дека земјата може да започне со изградба на втора и трета нуклеарна централа.

Токаев рече дека прашањето за компаниите изведувачи кои се способни да ги понудат најдобрите технологии во градежништвото било разговарано со претседателот Владимир Путин за време на неговата последна посета на Астана. „Се договоривме казахстанската земја како гарант на проектот да биде главен оператор во конзорциумот. Станува збор за можно учество на „Росатом“, која има висока компетентност и долгогодишно искуство во изградба на нуклеарни централи во странство проектот е прикажан и на други странски корпорации, вклучително и западни“, рече претседателот. Тој додаде дека годинава ќе се одржат тендерски постапки, по што владата ќе донесе конечна одлука.

„Убеден сум дека на Казахстан му е потребна нуклеарна централа со голем капацитет. Дополнително, не исклучувам дека ќе почне да се гради втора, а можеби и трета нуклеарна централа. Нуклеарната енергија ќе даде силен поттик за развојот на нашата економија, која веќе бележи енергетски дефицит. Сметам дека Казахстан треба да стане земја со развиена нуклеарна енергија. Таа има голема иднина“, нагласи претседателот.

На 6 октомври Казахстан одржа референдум на национално ниво за изградба на нуклеарна централа. За изградба на нуклеарната централа гласале 71,12 отсто од гласачите (5.561.937 лица), а против 26,13 отсто (2.045.271 лица). Излезноста на гласачите достигна 63,66% или 7.820.204 лица.

Казахстанскиот министер за енергетика Алмасадам Саткалиев изјави дека учесниците во конзорциумот за изградба на нуклеарна централа во Казахстан ќе бидат одредени во првата половина на оваа година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Авионско прскање против ларви од комарци во Скопје во сабота

02/09/2026
Македонија

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026
Македонија

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското

02/09/2026
Македонија

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026
Македонија

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските

01/09/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците,

01/09/2026
Македонија

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете

01/09/2026
Македонија

Кој ќе одговара за хаосот во Маџир Маало? Две бомби

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45389
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy