Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАКВИ СЕ ИЗГЛЕДИТЕ ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА? Расте оптимизмот, кои се причините?
Економија

КАКВИ СЕ ИЗГЛЕДИТЕ ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА? Расте оптимизмот, кои се причините?

12/03/2023

AA

Германија се приближува кон крајот на првиот квартал од оваа година со доза на оптимизам дека кризата од 2022 година е надмината, а економистите веќе не предвидуваат пад на најголемата европска економија оваа година.

Според извештаите, германската економија најверојатно ќе излезе од блага рецесија напролет, пренесува „Алџезеира“.

Индустриското производство и деловните очекувања во Германија го достигнаа своето највисоко ниво откако Русија ја нападна Украина, како и репер берзанскиот индекс DAX.

Германскиот производител на автомобили Фолксваген предвиде можен скок на приходите од 15 отсто оваа година.

Во исто време, повторното отворање на Кина по пандемијата на корона нуди големи можности за извозниците, а германските фабрики добиваат зголемен број нарачки од странство од почетокот на оваа година.

Во Германија, пак, се уште има шок поради зголемените трошоци за живот, пазарот на станови е нестабилен, а негативно се одразуваат и големите зголемувања на каматните стапки од страна на Европската централна банка, посочува Блумберг.

Германската економија се намали за 0,4 отсто во четвртиот квартал од минатата година, што е помалку од половина од прогнозата на Европската комисија.

Според прогнозата на Блумберг, германскиот бруто домашен производ (БДП) ќе падне за 0,3 отсто од јануари до март, но проекциите за целата година се подобрени, што покажува дека БДП ќе остане непроменет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy