Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Каков „филм“ се снима во тетовската стоковна куќа „Центар“?
Економија

Каков „филм“ се снима во тетовската стоковна куќа „Центар“?

20/10/2023

AA

Тетовската фирма ЛГРОУП, регистрирана за производство на филмови,видеофилмови и телевизиска програма искешира 1,6 милиони евра плус ДДВ за да ја купи тетовската стоковна куќа „Центар“ од тетовски Интерпромет. Интересно е, а и по малку чудно тоа што фирма регистрирана за филмска продукција за која нема достапни финансиски податоци за работењето купи недвижен имот наменет за деловен простор. Од друга страна пак продавачот „Интерпромет“ имаше експлозија на добивката и најави поделба на дивиденда на своите акционери. Тетовската поранешна трговска компанија „Интерпромет“ во континуитет беше предмет на контроверзи во јавноста, а кулминација на слуховите и шпекулациите е таа што остана недокажана, а го посочува Мендух Тачи за „газда во позадина“ на „Интерпромет“

Тетпвски „Интерпромет“ ја има добивката на деценијата! Оваа компанија што се занимава со закуп на недвижен имот објави дека има добивка која надминува 1,1 милиони евра. Највпечатливо е тоа што добивката на „Интерпромет“ е 85 отсто од целиот остварен приход во првите девет месеци годинава. А во споредба со истиот период лани прометот е поголем за 80 пати!!!

Компанијата транспарентно извести на СЕИ НЕТ системот на Берзата дека во целост огромниот раст на профитот е резултат на продажба на нивен недвижен имот односно стоковната куќа „Центар“ во Тетово.

Интересно е тоа што купувач на недвижниот имот е фирма која нема врска со трговија, но е регистрирана за снимање филмови и продукција на ТВ програма. Станува збор за ЛГРОУП од Тетово, чиј сопственик е Ветон Луши. За ова друштво достапните финансиски податоци покажуваат дека лани немало приходи, а завршило со загуба од 80 денари. Фирмата има само еден вработен и е микро субјект основан со влог од 5.000 евра. 

Повеќе детали за трансформацијата односно приватизацијата на „Интерпромет“ има на овој линк

https://fokus.mk/arhiva-dosie-interpromet-kako-luge-na-tachi-prezedoa-kompanija-vredna-nad-15-milioni-evra-za-dhabalak/

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИМ ПОКАЖАЛ НА ЖЕНИТЕ ДА ИЗБЕГААТ ОД ЗАДНИОТ ВЛЕЗ ДОДЕКА

19/11/2026
Македонија

34 ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ГОНАТ ЗА ПОТКУП, ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА

19/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ НАЈДЕ ЛИ ЧАРЕ ЗА „КРАВА ПАЛАНКА“? Советниците на

19/11/2026
Македонија

СЕ ТРАГА ПО УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО ПЛАНИРАНИОТ НАПАД

19/11/2026
Македонија

📽️ ТОШКОВСКИ ЈА ПРИМИ НАГРАДАТА ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ВО ДУБАИ

19/11/2026
Македонија

СИЛНИОТ ВЕТАР ЌЕ ПРОДОЛЖИ И УТРЕ, НА СИЛА Е ЖОЛТ

18/11/2026
Македонија

НА НОВОРОДЕНЧЕ МУ НАНЕЛЕ ИСЕКОТИНА НА ПРСТЕТО ПРИ ВАДЕЊЕ ИНФУЗИЈА

18/11/2026
Македонија

Посетата на поранешна актерка во филмови за возрасни на Омејадската

18/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46840
  • Регион 4000
  • Свет 21
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИМ ПОКАЖАЛ НА ЖЕНИТЕ ДА ИЗБЕГААТ ОД ЗАДНИОТ ВЛЕЗ ДОДЕКА ПОЛИЦИЈАТА БИЛА ВО ЛОКАЛОТ Пријавен

19/11/2026

Педесетгодишен жител на гостиварското село Форино е осомничен дека се обидел да ги спречи полицајците во извршување на службените дејствија,

34 ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ГОНАТ ЗА ПОТКУП, ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА И НАСИЛСТВО Внатрешната контрола отворила

19/11/2026

Вкупно 34 полициски службеници се опфатени со кривични пријави во првите девет месеци од годинава, а меѓу делата за кои

ЌЕ СЕ НАЈДЕ ЛИ ЧАРЕ ЗА „КРАВА ПАЛАНКА“? Советниците на ВМРО-ДПМНЕ предлагаат 6 итни мерки

19/11/2026

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Крива Паланка бара да се свика вонредна седница на која ќе се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy