Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР ПЕТАР АНДРЕЕВСКИ ГИ ЗАЈАКНУВА КАПИТАЛНИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ – сега има 17 отсто, а ќе докупи 5.250 акции
Економија

ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР ПЕТАР АНДРЕЕВСКИ ГИ ЗАЈАКНУВА КАПИТАЛНИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ – сега има 17 отсто, а ќе докупи 5.250 акции

29/01/2024

AA

Петар Андреевски, главен извршен директор на ВФП Фонд Менаџмент, кој сега поседува 17 проценти од акциите на ова друштво за управување со фондови, или 89.250 акции, ќе стекне уште 5.250 акции од компанијата. 

Согласност да докупи акции од ВФП Фонд Менаџмент директорот Петар Андреевски добил од Комисијата за хартии од вредност, која за тоа донела одлука на својата седница одржана во петокот минатата недела.

„Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 24-та седница со која претседаваше Претседателкaта на КХВ М-р Нора Алити, а се одржа на 26 јануари, 2024 година донесе Решение со кое на физичкото лице Петар Андреевски  му  се  дава  согласност да стекне квалификува­но учес­тво во  Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, односно да стане сопственик на дополнителни 5.250 обични акции со пра­во на глас. Во моментот на поднесување на барањето Петар Андреевски во Друштвото за управување ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје директно поседува  89.250 акции или 17 отсто“, се вели во соопштението од Комисијата за хартии од вредност после одржаната седница. 

Во мај 2022 година, со цел да одговори на новите потреби, ВФП Фонд Менаџмент, заедно со другите две компании од ВФП Групацијата, ВФП АД Осигурително брокерско друштво и ВФП Плус Консалтинг ДОО, склучи договор со Луна Корпорација за купување на деловен простор во центарот на Скопје. Се работи за модерен деловен простор, од околу 1000 м2, кој е дизајниран да понуди максимално добри услови за брзо, ефикасно и соодветно опслужување на инвеститорите, стоеше во тогашното соопштение од компанијата. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy