Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Израелски пратеник предложи закон со кој се забрануваат истраги против премиерот
Македонија

Израелски пратеник предложи закон со кој се забрануваат истраги против премиерот

13/03/2023

AA

Израелскиот пратеник Дејвид Амсалем денеска до Кнесетот ( израелскиот Парламент) достави своја верзија на таканаречениот „француски закон“, што на полицијата и забранува да го истражува премиерот додека е на функцијата, а е обвинет за корупција.

Израелските медиуми веднаш излегоа со забелешки дека ваквиот предлог на пратеникот Амсалем се смета за отворен обид да се заштити израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кому му се суди за три случаи на корупција.

Засега не е јасно дали законот, доколку се усвои во Кнесетот, ќе може да се применува ретроактивно.

Предлог-законот претставен денеска е сличен на оној што Амсалем го предложи пред неколку години за да му се забрани на јавниот обвинител да го истражува премиерот, освен ако наводите се поврзани со сексуални, насилни, безбедносни прекршувања на законот или за дрога.

-Израелски премиер е една од најсложените позиции. Тој мора да донесува судбоносни одлуки кои го засегаат целото население, вклучително дипломатски, безбедносни, економски и социјални. Како таков, тој мора да биде слободен целосно да се фокусира на нив, рече Амсалем, член на конзервативната партија Ликуд на премиерот Нетанјаху.

На Нетанјаху му се суди за измама, нарушување на довербата и поткуп, а тој негира какво било неправилност во своето делување и тврди дека обвиненијата биле измислени од полицијата и државното обвинителство.

Новата влада на Нетанјаху, најдесничарската во историјата на Израел, спроведува план за реформи во судството, а „францускиот закон“ е последниот чекор кон зајакнување на извршната власт и слабеење на Врховниот суд.

Реформскиот план предизвика масовни протести низ Израел, а минатата сабота, на десетите по ред протестни собирања, учествуваа половина милион луѓе, наведоа организаторите.

Комисија на Кнесетот денеска го одобри предлог-законот со кој само парламентот ќе може да прогласи еден премиер за неподобен да владее поради физички или психички причини. Таквата мерка ќе бара одобрение од три четвртини од владата, а премиерот може да ја отфрли.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44793
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Утре во Хаг започнува дводневен самит на НАТО, се очекува зголемување на буџетот за одбрана

23/06/2025

Лидерите на НАТО ќе се соберат утре на дводневен самит во Хаг, каде што се очекува да се донесе одлука

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy