Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЗЛЕЗЕ ДОМИНАНТНИОТ ГАЗДА ОД „ЖИТО КАРАОРМАН“ ОД КИЧЕВО – кој плати 56 илјади евра за да стекне половина од млинско-пекарската компанија
Економија

ИЗЛЕЗЕ ДОМИНАНТНИОТ ГАЗДА ОД „ЖИТО КАРАОРМАН“ ОД КИЧЕВО – кој плати 56 илјади евра за да стекне половина од млинско-пекарската компанија

13/07/2023

AA

Интересни
блок трансакции се случуваат на Македонската берза за хартии од вредност.

Вчера
некој преку блок трансакција купи над половина од македонската млинско-пекарска
компанија „Жито Караорман“ од Кичево.

Практично,
преку вчерашната блок трансакција извесен купувач се стекна со 50,1 отсто од
акциите на кичевската компанија, купувајќи во еден наврат 5.600 акции, што е
всушност 50,1 процент од капиталот на компанијата.

Секоја
акција се продаде по цена од 615 денари, односно вкупната трансакција
изнесуваше 3,44 милиони денари, или изразено во евра тоа е рамно на 56 илјади
евра.

Кој е
продавач а кој е купувач на акциите ќе се знае откако ќе се изврши берзанското
порамнување, што значи дека таа состојба ќе се види за неколку дена во Централниот депозитар
за харртии од вредност.

А, се до оваа трансакција состојбата беше долго време непроменета, и, како што веќе пишуваше Фактор, доминантен сопственик во компанијата беше Сретен Миладиноски, кој поседуваше 50,67 отсто од акциите, а потоа следуваа Селаудин Арифи со 23,52 отсто, додека, пак, 5,09 проценти поседува Сашо Крстевски.

Кој купил, а кој продал
акции во „Жито Караорман“ засега не е познато и на таа официјална информација
ќе треба да се почека неколку дена. Засега може само да се претпоставува и
нагаѓа. Она што паѓа во очи е дека токму тој акционерски капитал од нешто над
50 проценти, но се уште не управувачки, го поседувал Сретен Миладиновски, па
може да се претпоставува дека тој го продал својот дел во млинско пекарската
компанија. Се поставува и прашањето кој го купил ова акционерско парче,
односно, дали е тоа некој од сегашните акционери Селаудин Срифи или евентуално
Сашо Крстевски, или тоа е некое сосема трето лице или компанија однадвор.

Но, она што може да се забележи доколку се
следи трагот на берзанските трансакции, како што прави Фактор, е дека токму лицето Селаудин Арифи од Кичево излезе од акционерската структура на една друга компанија, а таа е „Жито Полог“ од Тетово, продавајќи ги сите свои акции во таа компанија. Последната трансакција се случи пред една недела, односно „Жито Полог“ плати 115.000 евра за последните 5,5
отсто акции на АС Сењак, токму фирма на Селаудин Арифи.

Ова е само претпоставка, но
би можело да се постави прашањето дали можеби Селаудин Арифи, со парите кои ги
добил од продажбата на своите акции во „Жито Полог“, дел искористил да купи
половина од акционерската структура на „Жито Караорман“, и практично таму да го
поседува управувачкиот пакет акции, односно да стане „алфа и омега“ во таа
компанија.

Но, сето ова се само
претпоставки, а дали се точни, ќе се знае за неколку дена, кога акционерската
структура на „Жито Караорман“ ќе се отслика на Централниот депозитар за хартии од
вредност. Тогаш
ќе се знае дали нашите нагаѓања се точни или, пак, станува збор за сосема други
акционерски компаниски прегрупирања.

А, Фактор, пак, на средината на јуни објави дека директорски промени се случуваат во компанијата од млинско-пекарската индустрија „Жито Караорман“ од Кичево.

Всушност, тогаш објавивме
дека „Жито Караорман“ токму на 17 јули, што е многу брзо од случувањето на блок трансакцијата, треба да одржи Собрание на акционери, а
на него како една од одлкуките што треба да се донесат, беше
ставено предлог за
разрешување на
досегашните директори, и избор на нови.

Тогаш имињата на новите директори не беа соопштени во предлог одлуката, туку на нивните места беше оставен празен простор, што значи дека или не
се избрани и по таквите кадровски решенија се уште се трага, или тие се
познати, но засега се одлучило да останат во тајност.

„Се разрешуваат досегашните членови на Одборот на директори,
Марјан Максимоски, поради поднесена оставка, Софронија Миладиноски и Слободан
Јовески. Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесување… Се именуваат нови
членови во Одборот на директори на МПИ Жито Караорман А.Д“, стоеше во одлуката.

Сега нештата стануваат
појасни, односно дека со поглед на фактот што драматично се менува
сопственичката структура на компанијата, и излегува акционер со над 50 отсто,
нормално е новиот доминантен газда да си постави свои луѓе во Бордот на директори.
Но, да почекаме до 17 јули, и тогаш попрецисно ќе се знае какви одлуки ќе
донесе Собранието на акционери на кичевската компанија.

“Жито Караорман” Кичево, како што ја опишале нивната
дејност на берзата, е една од водечките фирми во млинско пекарската индустрија
во земјава, која располага со најсовремени машини за
производство на брашно, леб и бели печива.

„Жито Караорман“ е компанија
која во изминатите две години остварува солидни приходи од работењето и тоа во
2020 година имале приход од 1,9 милиони евра, една година потоа приходите биле
нешто пониски и изнесувале 1,83 милиони евра, а во 2022 година се спуштиле на
нецели 1,5 милиони евра.

Но, на овие одлични приходи
и одлична оперативна добивка во изминатите години, чистиот профит на
компанијата останува многу низок и изнесувал лани 6,5 илјади евра, во 2021
година бил 4,1 илјади евра, додека во 2020 година изнесувал 6,8 илјади евра.

Во последнава година немало
тргување со акциите на таа компанија, а едниствената цека која се гледа е
токму 615 денари, односно цената по која помина блок трансакцијата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија во притвор, а 5 во

19/06/2026

Иако Основниот кривичен суд Скопје експресно ги одреди мерките за притвор на приведените во мега-скандалот во ФФМ, главниот предизвик за

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица приведени

19/06/2026

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала вкупно десет случаи на семејно насилство на подрачјата на Скопје, Кочани, Штип, Делчево, Велес и

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското

19/06/2026

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy