Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ивановска со апел до родителите да не бркаат „врски“ за оценки
Македонија

Ивановска со апел до родителите да не бркаат „врски“ за оценки

22/05/2023

AA

Државната комисија за спречување на коруцпија (ДКСК) и денеска ја продолжи кампањата „Бидете херои на чесноста“ во ОУ „Братство“. Претседателката на Комисијата Билјана Ивановска упати апел дека родителите не треба да бараат „врски“ за оценки, туку децата сами треба да си ги заслужат.

-Во досегашните анкети децата беа многу искрени и искажаа дека повеќе од половината, околу 60-70 проценти кажаа дека се сведоци на незаслужени оценки, а причината за тоа е поради тоа што родителите барале „врски“. Апелот треба да биде до сите, не само до децата, тука се и родителите од дома и наставниците од училиште. Родителите се тие кои треба да воспитуваат, наставниците треба да образуваат и не треба да има мешање на едното и другото. Кога детето веќе е дадено во училиште треба да се има доверба во просветните работници кои даваат се од себе за тоа дете да биде како што треба образувано. Не треба да имаат перцепција дека треба да се потпрат на родителите, и тоа им е еден одговор дека помош секогаш бараат од родителите, туку сами да се борат со свое знаење и своја умешност а не со помош на родителите да ги добиваат оценките, изјави Ивановска.

Таа се надева дека преку оваа кампања со која сакаат да испратат порака за транспарентност и интегритет ќе се зголеми свеста кај децата за корупција.

-Без интегритет не може да има никој борба против корупција, па ниту и дечињата. Перцепцијата е дека родителите бараат врски. И тоа е поразително. Мора да работиме на тоа, не е важно да бидат сите со петки, затоа има оценка од 1 до 5 важно е оценката да биде нивна заслужена и да се стекнат со знаење, нагласи Ивановска.

Директорката на ОУ „Братство“ Јадранка Поповски истакна дека учениците стануваат се повеќе свесни и нагласи оти родителите треба да имаат целосна доверба дека нивните деца се во сигурни и безбедни раце и дека наставниот кадар како и стручната служба умеат да го извлечат најдоброто од нивните деца.

-Ние овде работиме со иднината на нашето општество, рече Поповски.

За поедноставно спроведување на кампањата, ДКСК ангажира и глумци кои се многу блиски до оваа популација на ученици и кои ќе успеат на својствен начин да ги им ги предочат проблемите со кои се соочува нашето општество да им укажат како на полесен начин да ги препознаваат и да ги следат позитивните, а не негативните примери.

Кампањата започна на 16 мај, а претходно се спроведе во ОУ „Патр Поп Арсов“ и во ОУ „Коле Неделковски“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кој се возел најмногу, а кој најмалку со владиниот авион?

17/02/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест

17/02/2026
Македонија

Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници

17/02/2026
Македонија

ОД СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ЛЕТА ЗА ПАЛЕРМО И ЗА САРДИНИЈА

17/02/2026
Македонија

ТАВ Македонија и Виз ер најавуваат: Од јули директни летови од

17/02/2026
Македонија

ЦУК: Нема нови излевања во Тетово, 250 лица сместени во

17/02/2026
Македонија

НЕМА НОВИ ПОПЛАВИ И ОДРОНИ Се испумпува водата од поплавата

17/02/2026
Македонија

ПОРАДИ СНЕГ ВОВЕДЕНА Е ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА СТРАЖА На

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41551
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кој се возел најмногу, а кој најмалку со владиниот авион?

17/02/2026

Од средината на 2024 до крајот на 2025 година, владиниот авион бил употребен околу 40 пати, а најчесто летал кон

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест

17/02/2026

Денеска (17.02.2026) со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред

Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници

17/02/2026

Министерството за одбрана се подготвува за нов бран вработувања во Армијата. Наскоро ќе биде објавен конкурс за прием на 300

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy