Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Испратени над 100 илјади евра и два камиони со хуманитарна помош за Турција
Македонија

Испратени над 100 илјади евра и два камиони со хуманитарна помош за Турција

16/02/2023

AA

Во неколку акции организирани во гостиварскиот регион за помош на настраданите во земјотресот во Турција и во Сирија, прибрани се над сто илјади евра и поголема количина ќебиња, облека и хигиенски средства. Значајни средства обезбеди и гостиварското муфтиство, а голем придонес имаа и иницијативите на млади кои прибираа поголеми суми и донации.

Иницијаторите на најобемната акција и кампања за прибирање хуманитарна помош која започна на 7. и заврши на 12 февруари ги објавија резултатите од, како што рекоа, изразот на солидарност.


За време на кампањата бевме длабоко трогнати од моралната и материјалната поддршка на нашите браќа Албанци, Македонци и Роми помошта на средношколците кои ја зајакнаа нашата солидарност, на што срдечно им благодариме, рече во обраќањето до јавноста, Садам Хусеин претставник на групата иницијатори.

Прибраните материјални средства: ќебиња, зимски чизми, капути, хигиенски материјали, детска облека и храна кои беа натоварени на камион со две приколки му се предадени на гувернерот на округот Ипсала и полицискиот оддел во Ипсала.


Во кутиите за донирање пари се собрани речиси 20 илјади евра (1.199.860 денари) се уплатени преку Здружението за солидарност и развој на Турците Гостивар на сметки на АФАД (Управата за справување со катастрофи и вонредни состојби на Турција)

Од објавите по социјалните мрежи потврдено е прибирање на поголема сума на пари преку институции и здруженија. Од гостиварското муфтиство потврдија дека изминативе денови, во хуманитарната акција која ја организирале собрани се речиси 56 илјади евра (55.936) група младинци од соседната општина Врапчиште над 20 илјади евра.


Имаше и три акции со лични донации во околните населби каде се средува документацијата, но првично станува збор за близу 30 илјади евра.

Во Гостивар и соседната општина Врапчиште живее најбројната турска заедница во Северна Македонија и во изминатиов период беа остварени значајни соработки и изградени пријателски односи.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат

28/10/2026
Македонија

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што

28/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И

28/10/2026
Македонија

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ РАСТАТ, НО ДОЛГОВИТЕ ГО ЈАДАТ БУЏЕТОТ Стојаноски

28/10/2026
Македонија

ВО ЖИВО: Избори во Израел – преброени се 93% од

28/10/2026
Македонија

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЌЕ ЛОВЕЛ „ЧЕТНИЦИ“ И ЌЕ ГО МИНИРАЛ СПОМЕНИКОТ

28/10/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Освоила 67

28/10/2026
Македонија

Јахији повикува на обединување пред вториот круг во Брвеница: „Трката

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46419
  • Регион 3999
  • Свет 18
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат до 19 степени

28/10/2026

Променливо облачно време со кратки сончеви периоди, утринска магла во одделни котлини и северозападен ветер нè очекува во четврток, информираат

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што се случува со јазиците во

28/10/2026

Новата државна апликација m.Uslugi е достапна и на албански јазик, но дигиталната лична карта и возачката дозвола, според забелешките на

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И НЕ ПЛАТИЛЕ ДАНОК Кривични пријави

28/10/2026

Речиси 580.000 евра пристигнале од Германија на девизната сметка на 71-годишна жена од радовишкото село Коџалија, а нејзиниот 47-годишен син

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy