Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Исповеди на жителите погодени од земјотресот: Мислевме дека е апокалипса
Македонија

Исповеди на жителите погодени од земјотресот: Мислевме дека е апокалипса

06/02/2023

AA

Жителите на некои од градовите погодени од денешните земјотреси во Турција изјавија дека чувствуваат шок и страв по двата толку големи земјотреси по ред.

Тулин Акаја, која живее во Дијарбакир, на околу 450 километри источно од местото каде што се случија земјотресите, рече дека сè уште се обидувала да се собере по првиот земјотрес кога се случил вториот.

„Многу сум исплашена. Бев многу исплашена бидејќи живеам на последниот кат“, изјави таа за новинската агенција АФП. „Излеговме во паника. Сега не можам да се вратам во станот – не знам што ќе се случи следно“.

Епицентарот на првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени бил во близина на градот Газиантеп, додека вториот со јачина од 7,5 степени бил на околу 128 километри северно, во провинцијата Кахраманмарас.

Мелиса Салман, која живее во Кахраманмарас, рече дека живеењето во зона на земјотрес значи дека е навикната „да се потресува“, но дека денеска „прв пат доживеавме вакво нешто“. „Мислевме дека тоа е апокалипса“, рече таа.

Халис Актемур, друг жител на Дијарбакир, беше меѓу првите кои пристигнаа на местото на настанот по уривањето на првата голема зграда во градот и им се придружи на другите во извлекувањето на преживеаните од урнатините.

„Успеавме да спасиме три лица, но двајца беа мртви“, рече тој. „По вториот земјотрес не можам да одам никаде, мислам дека повторно ќе им треба мојата помош.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy