Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА ИВА МИХАИЛОВА Ѝ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ И ДВАТА ПАСОШИ!? Станува уште позагадочно како ја поминала границата
Македонија

НА ИВА МИХАИЛОВА Ѝ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ И ДВАТА ПАСОШИ!? Станува уште позагадочно како ја поминала границата

12/10/2026

AA

На Ива Михаилова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, пред една година ѝ биле одземени два пасоша (македонски и бугарски) и ѝ била изречена забрана да го напушта градот во кој живее со обврска да се јавува кај службено лице, соопшти државното Јавно обвинителство.

По бегството на Михаилова во Бугарија, која границата ја преминала нелегално, ЈОРСМ посочува дека надлежен јавен обвинител ги презел сите чекори за обезбедување на ова лице и дека ризикот од бегство било меѓу клучните основи поради кои Обвинителството повеќе пати давало негативно мислење на барањето за враќање на патната исправа

„На обвинетата, по предлог на јавен обвинител уште од 9.10.2025 година и беа одземени две патни исправи (македонска и бугарска), и беше изречена забрана за преминување државна граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска да се јавува кај службено лице. Надлежниот јавен обвинител ги презеде сите чекори во негова надлежност за обезбедување на лицето, а ризикот од бегство беше една од клучните основи поради кои обвинителството повеќе пати даваше негативно мислење во однос на барањето за враќање на патната исправа – информира Јавното обвинителство.

Ива Михаилова, која има македонско и бугарско државјанство, е обвинета за тешко кривично дело против безбедноста на сообраќајот по сообраќајната несреќа во која загина едно лице, а повеќе други беа повредени, меѓу нив и самата таа.

Несреќата се случи на 7 октомври 2025 година, на патот Кочани – Штип, на излезот од Кочани.

Според верзијата што ја застапува одбраната на Михаилова, таа се движела по патот кон Штип кога забележала полициско возило без ознаки, запрено покрај патот, во кое имало полицајци што проверувале друго возило. Михаилова тврди дека полициското возило било запрено во лентата за спротивниот правец, а автомобилот што доаѓал од Штип навлегол во нејзината лента обидувајќи се да го заобиколи, и притоа директно се судрил со нејзиниот автомобил.

По ударот, нејзиниот автомобил се удрил во заштитната ограда, додека другото возило се завртело и останало меѓу двете сообраќајни ленти. И самата Михаилова била повредена во несреќата.

Обвинителството, меѓутоа, смета дека Михаилова е одговорна за несреќата. Клучно за оваа верзија е вештачењето на обвинителството, според кое судирот се случил на средишната линија, односно во лентата за спротивна насока во која, според наодот, навлегол нејзиниот автомобил.

Токму местото на судирот и движењето на автомобилите непосредно пред ударот се меѓу најважните спорни прашања во постапката. Во предметот се изработени три сообраќајно-технички вештачења – едно по барање на обвинителството и две по барање на одбраната.

Вештачењето на обвинителството, според досегашните извештаи од судењето, упатува на тоа дека автомобилот на Михаилова навлегол во спротивната лента. Вештаците ангажирани од одбраната, пак, дошле до спротивен заклучок: според едниот наод, другото возило навлегло околу 90 сантиметри во лентата на Михаилова, а според другиот – околу 95 сантиметри.

Иако несреќата се случила во октомври 2025 година, судскиот процес во Основниот суд во Кочани почна на 6 јули 2026 година. Досега се одржани три рочишта, на кои сослушани вештаци што изработиле сообраќајни и медицински наоди, како и сведоци. Следното рочиште беше закажано за 9 ноември 2026 година, на кои требаше да се продолжи со дополнително изведување докази.

Случајот доби значително внимание во Бугарија поради нејзиното двојно државјанство и спорот за можноста да замине на лекување, за кое тврдеше дека во Македонија нема услови. На судските рочишта во Кочани присуствуваа бугарски пратеници, роднини и други поддржувачи, а имаше и протести и јавни собири во нејзина поддршка во Бугарија.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

НА ИВА МИХАИЛОВА Ѝ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ И ДВАТА ПАСОШИ!? Станува

12/10/2026
Македонија

ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА

12/10/2026
Македонија

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ

12/10/2026
Македонија

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ – КИЧЕВО Се гради клучната

12/10/2026
Македонија

БЕГСТВОТО НА МИХАИЛОВА ИСПРАЌА СЕРИОЗНО ПОГРЕШНА ПОРАКА! МНР ќе ги

12/10/2026
Македонија

МВР НЕМА ЕВИДЕНТИРАН ИЗЛЕЗ НА ИВА МИХАИЛОВА ОД ЗЕМЈАВА Нејзиниот

12/10/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ЗАМИНА НА ЛЕКУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА Границата ја поминала

12/10/2026
Македонија

ПРОТИВ КОГО МАРШИРАШЕ ВИКЕНДОВ ФИЛИПЧЕ ВО ПРИЛЕП? Дали против бугарските

12/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46121
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА ПОИМ КАКО ВЛЕГЛА ВО БУГАРИЈА!?

12/10/2026

Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе се сретне со Ива Михаилова при првата можност, но нагласи дека сè уште

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА Мицкоски ги

12/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Владата постигнала значајни резултати во економијата и во работата на институциите во изминатите 27 до

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ – КИЧЕВО Се гради клучната делница на Коридорот 8

12/10/2026

Почна изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, делница долга 12 километри што треба да го поврзе постојниот автопат Охрид –

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy