Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ – КИЧЕВО Се гради клучната делница на Коридорот 8
Македонија

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ – КИЧЕВО Се гради клучната делница на Коридорот 8

12/10/2026

AA

Почна изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, делница долга 12 километри што треба да го поврзе постојниот автопат Охрид – Кичево со трасата кон Букојчани и да придонесе за заокружување на автопатското поврзување по Коридорот 8. Според најавите на Владата, изградбата треба да заврши во рок од четири години.

На поставувањето на камен-темелникот, премиерот Христијан Мицкоски оцени дека оваа делница е неопходна за целиот проект да добие целосна смисла, односно за автопатското поврзување меѓу главниот град и Охрид да стане функционална целина.

– Без оваа секција, сè останато што го правиме немаше смисла. Практично, целиот проект што го поврзува Охрид со главниот град, со Скопје, има смисла – рече Мицкоски.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека делницата е шестиот проект што оваа Влада го започнува во областа на патната инфраструктура. Таа е важна не само за врската меѓу Скопје и Охрид, туку и за поврзувањето на западниот дел од државата, преку Тетово, Гостивар, Кичево и Струга.

– Овие 12 километри се исклучително важни и треба да дадат смисла и целина на целокупното автопатско поврзување, не само од Скопје до Охрид, туку и на целиот Коридор 8. Со ова автопатско поврзување, целиот коридор добива смисла – рече Николоски.

Тежок планински терен

Градежните работи почнуваат на местото каде што завршува автопатот Охрид – Кичево, а новата траса ќе продолжи кон Букојчани. Во меѓувреме, на делницата од Букојчани до Гостивар веќе се работи на изградба на автопатско решение.

Станува збор за планински терен што претставува сериозен инженерски предизвик. Николоски оцени дека изведувачите, заедно со надзорот и техничката поддршка, имаат задача да реализираат сложен проект, но изрази уверување дека работите ќе завршат во предвидениот рок.

– Се работи за терен којшто е планински, којшто е исклучително тежок, терен којшто бара многу знаење, многу искуство. Сметам дека изведувачите, заедно со надзорот и техничката поддршка, ќе можат да завршат одлична работа и сум убеден дека во предвидениот рок од четири години проектот ќе биде завршен – рече вицепремиерот.

Четири возни ленти и брзина до 130 километри на час

Проектот предвидува изградба на современ автопат со по две возни ленти во секоја насока. Секоја лента ќе биде широка 3,5 метри, а од двете страни ќе има помошни ленти широки по 2,75 метри. Проектираната брзина ќе изнесува од 110 до 130 километри на час.

Николоски најави дека Владата, Министерството за транспорт и Јавното претпријатие за државни патишта ќе им дадат целосна поддршка на изведувачите за реализација на проектот.

Дел од поширокото поврзување на земјата

Почетокот на изградбата е дел од планот за развој на Македонија како транспортна крстосница на два паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10, преку вложувања во патната и железничката инфраструктура.

„Македонија нема излез на море, но има уникатна географска местоположба, која со силни инвестиции во автопатите и железниците треба да значи економски напредок за бројни генерации што доаѓаат по нас“, рече Николоски.

Мицкоски најави дека наскоро треба да биде пуштен во употреба и дел од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Извор до Врбјани, додека целата делница од Кичево до Охрид, според најавата на премиерот, треба да биде пуштена најдоцна во првата половина на 2027 година.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ

12/10/2026
Македонија

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ – КИЧЕВО Се гради клучната

12/10/2026
Македонија

БЕГСТВОТО НА МИХАИЛОВА ИСПРАЌА СЕРИОЗНО ПОГРЕШНА ПОРАКА! МНР ќе ги

12/10/2026
Македонија

МВР НЕМА ЕВИДЕНТИРАН ИЗЛЕЗ НА ИВА МИХАИЛОВА ОД ЗЕМЈАВА Нејзиниот

12/10/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ЗАМИНА НА ЛЕКУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА Границата ја поминала

12/10/2026
Македонија

ПРОТИВ КОГО МАРШИРАШЕ ВИКЕНДОВ ФИЛИПЧЕ ВО ПРИЛЕП? Дали против бугарските

12/10/2026
Македонија

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ

11/10/2026
Македонија

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46119
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА Мицкоски ги

12/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Владата постигнала значајни резултати во економијата и во работата на институциите во изминатите 27 до

БЕГСТВОТО НА МИХАИЛОВА ИСПРАЌА СЕРИОЗНО ПОГРЕШНА ПОРАКА! МНР ќе ги информира ЕУ и Советот на

12/10/2026

Во врска со бегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, Министерството за надворешни

МВР НЕМА ЕВИДЕНТИРАН ИЗЛЕЗ НА ИВА МИХАИЛОВА ОД ЗЕМЈАВА Нејзиниот адвокат вели дека и самиот

12/10/2026

МВР нема евиденција за заминувањето на македонската државјанка со бугарски пасош Ива Михаилова во Бугарија, каде што најави дека ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy