📷 НЕСОВЕСНОСТА КРАЈ НЕМА! Исфрлија душеци во Националниот Парк „Галичица“
Несовесни граѓани исфрлија кабаст отпад среде шума во Националниот парк Галичица, објави порталот Охрид1, кој добил фотографии од читатели.
На фотографии се гледа автомобил натоварен со повеќе душеци, врзани на покривот на возилото, на патот кон селото Велестово, на територијата на Националниот парк Галичица. Во близина на обичен контејнер, возачот ги оставил двата душеци со големи димензии и заминал.
Ова не е изолиран случај во Охрид, иако ЈП „Охридски комуналец“ има објавен календар за бесплатно подигање кабаст отпад по улиците. Покрај тоа, речиси секојдневно граѓани фрлаат душеци, гарнитури, стар мебел и градежен отпад покрај улиците, на јавните површини, во зелени појаси, а еве сега и во Националниот Парк Галичица.


.
Извор: plusinfo.mk