Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападите во кои загинаа тројца американски војници
Македонија

Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападите во кои загинаа тројца американски војници

29/01/2024

AA

Исламски отпор во Ирак-фракција поддржана од Иран, ја презеде одговорноста за нападот со дрон врз американската база во Јордан во која загинаа тројца американски војници, а над 30 беа ранети.

„Силите на организацијата почнаа напади со беспилотни летала в зори во неделата, како дел од напорите да се спротивстават на американските окупациски сили во Ирак и како одговор на израелските масакри врз нашиот народ во Газа“, напиша милитантната група на Телеграм.

Ова е првпат американски војници да бидат убиени од непријателски оган на Блискиот Исток од почетокот на војната во Газа. Претседателот Бајден ги обвини милитантните групи поддржани од Иран и вети дека ќе ги смета за одговорни. Најави одговор за смртоносниот напад.

„Имавме тешка ноќ на Блискиот Исток. Изгубивме тројца храбри војници во напад на една од нашите бази, и ќе одговориме“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.

Техеран негира вмешаност. Шефот на иранската дипломатија во неколку наврати претходно посочи дека војната во палестинската енклава може да ја влоши безбедноста во регионот.

„Од почетокот на кризата јасно кажавме дека војната не е решение и дека војната може да ја влоши безбедноста на регионот. Тоа на сите ќе ни наштети“, изјави Хосеин Амирабдолахиан, министер за надворешни работи на Иран.

Нападот се случува во момент на неколкунеделни преговори и напори конфликтот меѓу Израел и Газа да не се прелее пошироко на Блискиот Исток. Сепак, последните случувања ги ставаат под прашалник црвените линии на САД и даваат нова итност во напорите за ослободување на заложниците во Газа во замена за продолжен прекин на огнот во Газа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy