Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Иран повторно го промени бројот на жртвите во експлозиите во Керман
Македонија

Иран повторно го промени бројот на жртвите во експлозиите во Керман

04/01/2024

AA

Иранските служби за итни случаи повторно го коригираа бројот на жртвите во вчерашните разорни експлозии во градот Керман , во близина на гробот на генералот Касем Сулејмани. Откако најпрво беа пријавени сто и три смртни случаи, нивниот број потоа се намали на 95 , а еден ден по експлозиите, податоците се веќе за 84 загинати и 284 повредени, јави ДПА.

Новите бројки денеска ги објави државната новинска агенција ИРНА, која го цитираше шефот на националниот итен медицински центар Џафар Миадфар. Конфузијата во бројот на жртвите ја објасни со состојбата на телата.

Експлозиите го потресоа Керман до местото каде што голем број луѓе се собраа вчера на комеморативна церемонија по повод четвртата годишнина од смртта на влијателниот ирански генерал Касем Сулејмани, кој ги предводеше силите Кудс на Корпусот на Исламската револуционерна гарда. Тој беше убиен во 2020 година во напад на американско беспилотно летало во близина на аеродромот во Багдад – главниот град на соседен Ирак.

Иранската влада ги нарече експлозиите „терористички напад“, а врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи вети „остар одговор “. Германскиот канцелар Олаф Шолц и Европската унија за возврат ги осудија нападите како „терористички чин“. Засега остануваат непознати и мотивот и сторителот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44753
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy