Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Богоев: Раст на царинските приходи и нови проекти вредни 30 милиони евра, бенефитите ќе ги почувствуваат македонските компании
Македонија

Богоев: Раст на царинските приходи и нови проекти вредни 30 милиони евра, бенефитите ќе ги почувствуваат македонските компании

04/01/2024

AA

„Приходите од данок на моторни возила бележат раст од 46,7% во однос на претходната година, приходите од царина за 10,3%, а раст од 5% има и кај приходите од акцизи кои во 2023 година изнесуваат 32,4 милијарди денари. Растот на наплата на приходи од страна на Царинската управа, значи и повеќе пари за здравство, образование, подобрување на инфраструктурата од што бенефит ќе имаат сите граѓани на нашата држава.“, истакна директорот на Царинска управа, Стефан Богоев, на брифингот со новинарите одржан денеска со министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, а на кој беа презентирани резултатите од 2023 година.

Богоев вели дека резултатите се веќе препознаени и од бизнис заедницата, при што во последната анкета на Советот на странски инвеститори, Царинската управа е институција од чија работа инвеститорите се најмногу задоволни. Богоев притоа истакна дека Царинската управа вложува во нови развојни проекти во вредност од над 30 милиони евра.

„Целта е македонските компании да можат да ги искористат бенефитите од новите проекти во вредност од над 30 милиони евра – средства обезбедени од фондовите на ЕУ, Светска банка, и други донатори, како и дополнителни 60,6 милиони денари буџетски средства обезбедени за развојни проекти на Царинската управа кои започнаа да се спроведуваат оваа година и чија имплементација ни претстои“, истакна Богоев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44754
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026

Две лица се лишени од слобода, а 15 странски државјанки се приведени во полициска акција спроведена во два угостителски објекти

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над 12,6 милиони денари

30/07/2026

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две физички лица и едно правно лице

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен 29-годишен гевгеличанец

30/07/2026

Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако полициски службеници го затекнале како вози со 204 километри

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy