Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Институциите сами одлучуваат дали ќе се заштитат – Андоновски: За жал, ние сме држава без Закон за сајбер безбедност
Македонија

Институциите сами одлучуваат дали ќе се заштитат – Андоновски: За жал, ние сме држава без Закон за сајбер безбедност

02/03/2025

AA

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска порача дека Македонија се уште нема обврска сите институции да се штитат од сајбер напади.

Како што вели, ако некоја институција сама реши да се заштити, таа тоа го прави и затоа е ваквата невоедначеност која ни се случува и определени институции се многу често мета на сајбер напади.

„За жал, ние сме држава без Закон за сајбер безбедност додека сите држави и од регионот и од Европа донесоа такви закони пред 13 години. Ние го правиме напорот да се донесе законот сега, најверојатно до јуни месец. Тој закон ќе биде нашиот патоказ каде треба да се движиме во сајбер заштитата. Сега заштитата која ја нудиме во сајбер просторот е ад-хок. Ако некоја институција сама реши да се заштити, таа тоа го прави. Но, се уште немаме обврска сите институции тоа да го прават и затоа е ваквата невоедначеност која ни се случува да определени институции се многу често мета на сајбер напади“, изјави Андоновски за РСЕ.

На прашање за тоа каков е епилогот од тоа што државата досега потрошила милиони евра за заштита, Андоновски одговори дека голем број институции работеле со истечени лиценци, но и дека во законот за сајбер безбедност немало предвидени прекршочни одредби.

„Точно, интересен податок е дека над 20 институции имаат купувано руски антивируси. Десетици институции ненавремено ја зголемиле или надградиле својата заштита, па работеле со истечени лиценци. Голем број на институции сместуваат податоци на граѓаните на сервери кои подоцна не се грижат дали се доволно заштитени или каде им се сместени. Ова се прашања кои сите институции ад хок ги решавале. За разлика од сите други закони, во законите кои се однесуваат на сајбер безбедноста, ние немавме прекршочни одредби и инспекциски надзор дали тие одредби од законите се почитуваат. Во измените кои сега ги донесовме и новиот Закон за сајбер безбедност, Министерството за дигитална трансформација тоа ќе го контролира и потенцијално ќе казнува онаму каде гледаме дека институциите не постапуваат., порача Андоновски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман

21/08/2026
Македонија

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026
Македонија

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе

21/08/2026
Македонија

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо

21/08/2026
Македонија

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле

21/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и

21/08/2026
Македонија

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка

21/08/2026
Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45172
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман на терен

21/08/2026

Пожарот што го зафати селото Церово во Општина Желино е под засилен надзор, а надлежните екипи се со максимален ангажман

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026

Жителите на Демир Капија повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Од

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе ја вратиме во рацете на

21/08/2026

Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy