Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИНСПЕКТОРИТЕ ОД ЗАДУТРЕ ЌЕ БИДАТ НА ТЕРЕН – Битиќи најавува казни за несоодветно зголемување на цените
Економија

ИНСПЕКТОРИТЕ ОД ЗАДУТРЕ ЌЕ БИДАТ НА ТЕРЕН – Битиќи најавува казни за несоодветно зголемување на цените

28/02/2024

AA

Пазарните и трудовите инспектори од задутре ќе бидат на терен и за секое зголемување на цени над нормалната пазарна логика соодветно ќе реагираме, најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Порача дека секое неетичко однесување на кој било трговец ќе се казни на најсериозен начин, и повика да се изгласа законот за нефер трговски практики, а ако има потреба да реагират и Комисијата за заштита на конкурентноста и Организацијата за заштита на потрошувачите. 

– Секое неетичко однесување на кој било трговец ќе се казни на најсериозен начин. Што тоа ќе значи знаеме од минатото. Сметаме дека лекцијата е добиена, дека во државата освен бизнис и профит мора да имаме морал и етика кај компаниите. Сметам дека замрзнувањето на цената е една од мерките која не содветствува со пазарната економија, дека треба да се вратиме во нормалните текови на живеење, а секако останува за бизнисмените и тие да се однесуваат соодветно. Државниот трудов и Државниот пазарен инспекторат веќе од задутре ќе бидат на терен и за секое евентуално зголемување на цени кои излегуваат од секоја нормална пазарна логика соодветно ќе реагираме. Тоа нема да значи дека еве ако во Собранието нема разум за носење закон за нефер трговски практики дека ние нема да реагираме – изјави Битиќи. 

Доколку има потреба, најави дека повторно ќе појде во Комисијата за заштита на конкурентноста и лично ќе поднесе претставка за компаниите. Битиќи беше во Комисијата пред половина година и му беше најавено дека има процедури за да се поднесе претставка.

– Точно дека пред шест месеци бев во Комисијата, ми рекоа дека процесот може да трае една година. Стариот состав на комисијата ја има почнато работата, веќе имаме нов состав. Ако задутре имаме индиции дека имаме такво однесување на пазарот од стопанствениците, јас, како што направив пред шест месеци, ќе отидам пак во Комисијата за заштита на конкурентност затоа што ако не можат тие да направат нешто по допрен глас еве јас ќе дадам претставка за компаниите. Сметам дека конечно е дојдено време секоја институција соодветно да реагира на се’ што треба да се реагира во нашето општество. Комисијата за заштита на конкурентноста, како и Здружението на заштита на потрошувачи се најповиканите коишто треба да реагираат секогаш кога имаме вакви случувања – изјави Битиќи.

Министерството за економија веќе најави дека нема да биде продолжена мерката за гарантирани цени која завршува на крајот на месецов и ќе се чека носењето на законот за забрана на нефер трговски практики со кој очекуваат да се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и да доведе до намалување на цените на прехранбените производи. 

Одлуката гарантирани цени се однесува на: ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; брашно пченично тип 400 и тип 500; бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; други пекарски производи; бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g; јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел; свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; мелено месо свинско и јунешко; пиле свежо или замрзнато (цело); пилешки стек свеж или замрзнат; чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување; пилешка посебна салама (без слајс пакување); паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g; трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l; јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g; традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);  традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и свежи јајца од кокошка.

До утре е во сила и Одлуката за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало што се однесува на: светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; газирани пијалаци (сокови) во пакување над 1 l во шише; негазирани пијалаци (сокови) во тетрапак пакување и минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише.

Завршува важноста и на одлуките за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук според која применливата царина е 10 отсто за кромид, праз, карфиол и брокула, салата, моркови, модар патлиџан и тиквици, како и за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки и за кои применливата царина е 10 отсто.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три активни пожари во Македонија, вкупно регистрирани 12

25/07/2026
Македонија

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО: Општината згрижи млади штркови по невремето,

25/07/2026
Македонија

ПО НЕЗАПАМЕТЕНОТО НЕВРЕМЕ: Штетите во Штип и Пробиштип се бројат

25/07/2026
Македонија

Клековски на увид во Лешок: Проблемот со водатата трае речиси

25/07/2026
Македонија

САБОТАЖА НА ЖЕЛЕЗНИЦАТА: Украдени бакарни делови, штетата е огромна –

25/07/2026
Македонија

ПОГЛЕД КОН МЕСЕЧИНАТА: Вечерва јавно астрономско набљудување на плоштадот „Македонија“

25/07/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ КЛЕКОВСКИ НА ТЕРЕН: Епидемијата во Гостивар се смирува, во

25/07/2026
Македонија

Вработен во Центарот за вработување во Прилеп осомничен за примање

25/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44656
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три активни пожари во Македонија, вкупно регистрирани 12

25/07/2026

На ден 25.07.2026 година, до 18:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО: Општината згрижи млади штркови по невремето, се планира изградба на посебен

25/07/2026

По силното невреме што неодамна ја зафати Општина Чешиново-Облешево, локалната самоуправа презеде итна акција за спасување на симболот на овој

ПО НЕЗАПАМЕТЕНОТО НЕВРЕМЕ: Штетите во Штип и Пробиштип се бројат во милиони денари, над 100

25/07/2026

Силното невреме проследено со пороен дожд и оркански ветар со брзина од 134 километри на час остави зад себе сериозни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy