Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЕНЕСКА Е СВ. АПОСТОЛ ОНИСИМ: Еден од седумдесетмината апостоли, беше роб, но од апостол Павле го слушна Евангелието и се крсти
Македонија

ДЕНЕСКА Е СВ. АПОСТОЛ ОНИСИМ: Еден од седумдесетмината апостоли, беше роб, но од апостол Павле го слушна Евангелието и се крсти

28/02/2024

AA

Денеска е 15 февруари (според стар стил) и се слави Св. апостол Онисим.

Еден од седумдесетмината апостоли. Му беше роб на Филимон, човек богат и угледен во градот Колоси во Фригија, но нешто му згреши на својот господар и побегна во Рим, каде што од апостолот Павле го слушна Евангелието и се крсти.

Па, бидејќи Павле претходно го имаше приведено и Филимон кон вистинската вера, тој сега ги измири овие двајца, Филимон и Онисим, господарот и робот, пишувајќи му посебно послание на Филимон, еден од најтрогателните пишани состави кои воопшто постојат во Светото Писмо. „Те молам“, пишува, „за мојот син Онисим, кого го родив во оковите свои… Можеби затоа се раздели од тебе на некое време, за да го добиеш вечно, не повеќе како роб а повеќе од роб, како брат возљубен.“ Трогнат од ова писмо, Филимон навистина го прими Онисим како брат и го ослободи од робувањето.

Подоцна Онисим од самите апостоли беше поставен за епископ и по смртта на апостолот Тимотеј ја прими Ефеската Столица. Тоа се гледа од посланието на свети Игнатиј Богоносец. Во времето на Трајановото гонење Онисим веќе беше старец. Го уапсија и го одведоа во Рим.

Овде одговараше пред судијата Тертул, одлежа затвор и најпосле го убија со меч. Неговото тело го зеде некоја богата жена, го положи во сребрен ковчег и чесно го погреба во 109 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Љутков: Новата конструкција на Универзална сала е 10 пати побезбедна

04/06/2026
Македонија

Љутков става крај на партиските вработувања во културата: Има театри

04/06/2026
Македонија

Љутков: Со години се кратеа парите за археолошки истражувања, затоа

04/06/2026
Македонија

Еколошка бомба во „Скопјанка“: Фекалии ги поплавија подрумите, станарите стравуваат!

04/06/2026
Македонија

Турци се степале во Прифатниот центар во Визбегово

04/06/2026
Македонија

Драма во скопска здравствена установа: Шефица нападнала колешки, реагирало и

04/06/2026
Македонија

Скандалозни наоди во ИЈЗ: ДКСК отвори предмет за кабелот од

04/06/2026
Македонија

Бројот на бракови намален за 5%, додека разводите се во

04/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43605
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Љутков: Новата конструкција на Универзална сала е 10 пати побезбедна и постабилна!

04/06/2026

Градежните активности за обнова на Универзалната сала во Скопје се во тек, се работи на челичната конструкција и на санирање

Љутков става крај на партиските вработувања во културата: Има театри со по 50 актери каде

04/06/2026

Министерството за култура и туризам ја заврши комплетната ревизија на работењето на претходното раководство и сите констатирани недостатоци и сомнежи

Љутков: Со години се кратеа парите за археолошки истражувања, затоа катедрите ни останаа празни, а

04/06/2026

Министерството за култура и туризам интензивно работи на новиот закон и на националната стратегија за развој на културата, преку кои

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy