Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Инспекторатот бара итно дислоцирање на фекалниот колектор од крајбрежјето на езерото Младост
Македонија

Инспекторатот бара итно дислоцирање на фекалниот колектор од крајбрежјето на езерото Младост

06/09/2025

AA

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) побара итно дислоцирање на делница од регионалниот колектор за отпадни води од крајбрежниот појас на Езерото Младост, поради сериозен ризик од загадување и неможност за контрола и одржување на системот. Оваа драстична мерка следува по контролата над работата на ЈКП „Дервен“, кое е задолжено за колекторот.

Инспекторите утврдиле дека клучни делови од системот се недостапни и опасни. Имено, најмалку три ревизиони шахти на еден од потезите се затрупани под огромно количество набиена земја, што оневозможува каква било проверка на протокот на фекалните води.

Дополнително, обидот на „Дервен“ да санира друга оштетена шахта во близина на хотел „Романтик“, чие дно е пропаднато, се покажал како премногу ризичен. Според Инспекторатот, постои голема опасност ваквите градежни активности на самото крајбрежје да предизвикаат ново, дополнително загадување на езерската вода, која веќе има зголемено присуство на органска маса.

Поради овие објективни технички пречки и ризици, ДИЖС заклучил дека единствено трајно решение е преместување на цевководот на нова локација, подалеку од езерото.

Контролата откри и други системски проблеми. Пречистителната станица во Новачани, каде што треба да се обработуваат сите собрани отпадни води од селата Кумарино, Сујаклари, Отовица и населбата кај езерото, никогаш не била ставена во функција од нејзината изградба во 2004 година. Како резултат на тоа, веќе две децении, целата фекална канализација завршува директно во реката Вардар.

Проблем претставува и вториот крак на колекторот, кој ги опслужува новоизградените мотели, а со кој во моментов никој не управува. Од локалната власт најавуваат дека наскоро ќе предложат одлука со која и овој дел ќе биде предаден на одржување на ЈКП „Дервен“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy