Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица алармира: Шестоодделенци во „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром учат во влажен подрум, на дел од нив им се слошило
Македонија

Левица алармира: Шестоодделенци во „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром учат во влажен подрум, на дел од нив им се слошило

06/09/2025

AA

Политичката партија Левица денеска обвини за скандалозни и нехумани услови во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром, каде, според нивните наводи, ученици од шесто одделение се принудени да следат настава во руинирани подрумски простории.

Од партијата тврдат дека училниците се полни со влага, непријатна миризба и немаат природна светлина, опишувајќи ги условите како „недостоинствени дури ни за затворски ќелии, а камо ли за деца“.

Во соопштението се пренесува и загриженоста на родители, кои, според Левица, алармирале дека на некои од учениците им се слошило и повраќале поради неподносливата миризба на мувла во просториите.

„Ваквото понижување на најмладите е срам за општината и директна одговорност на локалната власт, која наместо да обезбеди елементарни услови за настава, ги изложува децата на здравствен ризик и психолошка траума“, се вели во реакцијата. Левица исто така ја прозва и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи на нивното ветување од пред четири години за целосна реконструкција на училиштата.

Локалниот огранок на Левица во Аеродром бара итно преместување на учениците во соодветни училници каде што ќе може достоинствено да ја следат наставата и да се стави крај на, како што велат, срамната состојба во училиштето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy