Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Имотно-правните пречки ги кочат енергетските проекти – Министерството за енергетика бара итни решенија
Економија

Имотно-правните пречки ги кочат енергетските проекти – Министерството за енергетика бара итни решенија

02/04/2025

AA

Министерката за
енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, иницираше состанок
со сите релевантни институции за надминување на административните пречки што го
кочат спроведувањето на значајни енергетски проекти. На состанокот присуствуваа
претставници од АД МЕПСО, Агенцијата за катастар на недвижности, Управата за
имотно-правни работи и Министерството за транспорт и врски.

Главниот
предизвик што го попречува развојот на овие проекти е долгото чекање на
решенија за имотно-правни прашања и сложените процедури за упис на државниот
имот во Катастарот. Оваа состојба директно го забавува напредокот на повеќе
капитални инвестиции, меѓу кои и проектот
Милетково,
неопходен за стабилноста на електроенергетскиот систем во
тој регион.

„Проектите од
ваков обем не смеат да стојат во место поради долги и неефикасни
административни процеси. Ова не е само техничко прашање – ова е прашање на
енергетска сигурност и економски развој. Одговорноста на институциите е да
обезбедат навремена и координирана работа, за државните инфраструктурни проекти
да не чекаат непотребно“, нагласи министерката Божиновска.

На состанокот
беше договорено засилено меѓуинституционално координирање и утврдување на јасни
процедури за забрзување на процесите. Министерството за енергетика, во
соработка со надлежните институции, ќе работи на конкретни решенија за да се
спречат идни застои и да се обезбеди навремена реализација на сите стратешки
енергетски проекти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026
Македонија

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе

21/08/2026
Македонија

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо

21/08/2026
Македонија

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле

21/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и

21/08/2026
Македонија

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка

21/08/2026
Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција

21/08/2026
Македонија

Износ на казна, доказ фотографија со возилото и регистарската таблица

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45171
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026

Жителите на Демир Капија повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Од

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе ја вратиме во рацете на

21/08/2026

Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо од дозволеното

21/08/2026

Наместо безбедно да ја напушти земјава, 35-годишен холандски државјанин бил лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако било утврдено

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy