Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И Милан удри по Реал Мадрид! (ВИДЕО)
Спорт

И Милан удри по Реал Мадрид! (ВИДЕО)

06/11/2024

AA

Брзо по дебаклот од Барселона, се случи ново големо разочарување за Реал Мадрид, Милан со 3-1 ги победи кралевите на Сантијаго Бернабеу во меч од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид живее тешки денови, тимот на Карло Анчелоти се наоѓа во криза. Се веруваше дека поразот од Барселона ќе им даде мотив повеќе да го совладаат Милан и да се вратат на победничките патеки, но денешниот натпревар покажа дека кралот е разнишан.

Милан поведе уште во 12. минута кога по асистенција од Пулишиќ Чау даде гол за водство на росонерите од 1-0. Десетина минути подоцна Винисиус од пенал изедначи на 1-1.

Во 39. минута Леао шутираше, Лунин ја одби топката, на неа натрча Мората кој ја смести во мрежата на Реал Мадрид за водство на Милан од 2-1. Тоа беше резултатот од првиот дел.

И во вториот дел Милан беше подобар противник. Јалови беа нападите на Реал Мадрид. Во 73. минута Реијндерс даде гол по асистенција на Леао за 3-1.

Ридигер во 82. минута даде гол по една грешка на Мењан, но погодокот му беше поништен поради офсајд.

Чаби Алонсо лошо помина на гостувањето кај неговиот поранешен клуб, Ливерпул. Црвените победија со 4-0.

Сите четири гола беа постигнати во второто полувреме, Луис Диаз постигна хет-трик, еднаш погоди Гакпо.

Селтик со 3-1 го победи Лајпциг. Елмас влезе од клупата во 68. минута. 

Голот за Лајпциг го даде Баумгартнер за водство, но потоа следуваа два на Кун и еден на Хатате за победа на шкотскиот тим.

Спортинг Лисабон со 4-1 го совалда Манчестер Сити. Граѓаните поведоа со гол на Фоден со 1-0, Гјокерес даде хет-трик, а еднаш погоди Араухо за португалскиот тим.

Лил и Јувентус одиграа 1-1. Давид погоди за домаќините, Влаховиќ изедначи од пенал за италијанскиот тим.

Борусија Дортмунд со гол на Мален во финишот од мечот го совлада Штурм. Со 1-0 победи и Монако на гостувањето кај Болоња, голот го даде Керер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица, еден бил и пијан

17/02/2026

Осум возачи биле приведени во текот на вчерашниот ден во различни градови низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот. Седуммина

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а

17/02/2026

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените подрачја се санираат!

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд предизвикаа драстичен пораст на нивото на реките низ целата држава, оставајќи ги надлежните служби во состојба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy